понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: КОП 26 | 29 резултати

Климатските промени и аерозагадувањето во 2021 година: Многу документи, малку имплементација

јануари 5, 2022

Реализацијата на проекти на национално и локално ниво коишто ќе имаат директен удел во намалување на аерозагадувањето и ублажување на климатските промени недостигаа во изминатата 2021 година. Северна Македонија усвои серија од важни стратегии и закони, а се обврза на Конференцијата за климатски промени на ОН – КОП 26 и со потпис на меѓународни договори, […]

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

декември 23, 2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. По повод потпишувањето на Декларацијата, во Кабинетот се одржа […]

Догодина ќе се пошумуваат околу 500 хектари, за повеќе засадени дрвја требаат финансии

декември 16, 2021

Јавното претпријатие „Национални шуми“ догодина планира да пошуми површини на околу 500 хектари, при што планирано е да се засадат од 2.000 до 2.500 садници по хектар во земјава. Според податоците што ги добивме од ЈП „Национални шуми“, во изминативе 10 години во земјава се пошумувале од 400 до 600 хектари годишно од нивна страна. […]

Галовеј: 200 земји се согласни дека јагленот е главниот проблем за глобалното затоплување (видео)

ноември 29, 2021

Одржувањето на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации во Глазгов (КОП 26) беше повод за Новинската агенција Мета да направи интервју со амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј. Со амбасадорката разговаравме за клучните успеси што произлегоа од КОП 26, за обврските коишто ги презедоа државите, за предизвиците со кои се соочува Северна […]

Малите хидроцентрали главна тема во новото издание на „Шорткат“

ноември 18, 2021

Во фокус на 12. епизода од емисијата за млади „Шорткат“ се малите хидроцентрали. Еколошките организации се обединија во ставот дека од нивната изградба нема ниту економски, ниту еколошки бенефит, а влијанието што го имаат врз животната средина и биодиверзитетот е погубно. Според нив, Законот за води треба да е рамка која мора да спречи експлоатација […]

КОП 26 го финализираше Парискиот договор за климатски промени

ноември 16, 2021

Конференцијата за климатски промени (КОП 26) заврши во Глазгов, при што речиси 200 земји се согласија на Климатскиот пакт од Глазгов за одржување на 1,5 степени (С) во живот и финализирање на извонредните елементи од Парискиот договор, информираат од Британската амбасада во Скопје. „Климатските преговарачи ги завршија двонеделните интензивни разговори во саботата со консензус за […]

Светските лидери со позитивни оценки за договорот од КОП 26, иако јагленот не е целосно исфрлен од употреба

ноември 15, 2021

Климатскиот договор постигнат на КОП 26 во Глазгов е договорот којшто носи промени и којшто ќе донесе крај на производството на енергија од јагленот. Можеме да лобираме и охрабруваме, но не можеме да ги принудиме останатите земји да го прават она што не сакаат, изјави британскиот премиер Борис Џонсон по завршувањето на Конференцијата за климатски […]

Како изгледаат изгорените шуми неколку месеци подоцна – погледнете во новата епизода на „Шорткат“

ноември 11, 2021

Шумските пожари, бесправната сеча на дрвјата и природните непогоди се најголемите причинители за уништување на шумското богатство во нашата земја. Поради сушното време, високите температури и силниот ветер, изминатово лето беа опустошени илјадници хектари шума засадени со дрвја. Во најновата епизода на емисијата Shortcut со снимки од теренот покажуваме како изгледаат македонските шуми неколку месеци […]

КОП 26: Објавен нацрт-договорот кој бара построги обврски од државите за емисиите на стакленички гасови

ноември 10, 2021

Нацрт-договорот на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) е веќе изготвен, а во наредните денови ќе се преговара со земјите за зајакнување на своите национални климатски планови до крајот на 2022 година, пишува весникот Гардијан. Овој нацрт беше објавен од Обединетото Кралство, односно од претседателот на Светската климатска конференција Алок Шарма. Со него […]

Наместо за производство на струја, стакленичките гасови од фармите од земјава завршуваат во атмосферата [инфографик]

ноември 9, 2021

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), 104 држави од светот се договорија да ги намалат емисиите на метан во атмосферата за најмалку 30 отсто до 2030 година. Овој гас се задржува во атмосферата многу пократко од јаглерод диоксидот, но потенцијалот на метанот да загрева е за 80 пати поголем од CO2 во […]

Крајот на јагленот е на повидок со утврдените амбициозни обврски на Обединетото Кралство на КОП 26

ноември 9, 2021

Крајот на јагленот – единствениот најголем придонесувач за климатските промени – е на повидок благодарение на Обединетото Кралство и фактот што обезбеди коалиција од 190 земји и организации потписници на COP26, при што земји како Полска, Виетнам, Египет, Чиле и Мароко јасно ги објавија своите обврски за постепено укинување на енергијата од јаглен, информираат од […]

Обама од КОП 26 им порача на младите да продолжат да се борат против климатските промени

ноември 9, 2021

Поранешниот американски претседател Барак Обама во своето обраќање на Конференцијата за климатски промени (КОП 26) ги повика младите да продолжат со својата борба против климатските промени, јавува Би-би-си. Тој им порача на младите низ целиот свет дека треба да извршат политички притисок за да направат промена, но и додаде дека ќе мора да прифатат компромиси […]

Британска компанија претставува нова иновација на КОП26 – авионите како гориво да користат водород

ноември 5, 2021

Британска компанија на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) денеска ќе ја открие новата технологија што ќе овозможи авиосообраќајот да постигне нулта емисии на стакленички гасови, кои се виновник за глобалното затоплување на планетата, пишува Гардијан.  Станува збор за иновација, со која авионите ќе може да се придвижуваат на водород до 2030 година, […]

5 ноември – Ден посветен на младите на Конференцијата за климатски промени (КОП 26)

ноември 5, 2021

Денешниот ден (5 ноември) е посветен на младите во рамки на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), кој се одвива во Глазгов, Обединетото Кралство. Мила Јовановска, претседателка на Здружението Гоу Грин, вели дека младите се директно засегнати од климатската криза. Тие најмалку придонеле, но сепак директно ќе ги чувствуваат најлошите последици во наредните […]

КОП26: Над 40 земји се заложија да запрат со производство на струја од јаглен, но има и несогласувања

ноември 4, 2021

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП26) во Глазгов повеќе од 40 земји од светот се согласија на постепен прекин на производството на електрична енергија од јаглен. Поголемите економии ќе треба да го направат ваквиот прекин во текот на следната деценија, додека помалите земји имаат обврска да престанат со производството во 2040-тите години, пишува […]

Грета Тунберг со апел до медиумите и граѓаните: Човештвото не успева да ја сопре климатската криза

октомври 31, 2021

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од […]

WWF за COP26: Сите ветувања мора да бидат исполнети

октомври 31, 2021

Итно спроведување на ефективни политики и мерки и исполнување на сите климатски ветувања дадени досега, се двете главни барања што Светската организација за заштита на природата (WWF) ги поставува пред светските лидери пред почетокот на Конференција за климатски промени COP26. Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени COP26 оваа година се одржува во Глазгов […]

КОП26: Самит во Глазгов за спас на планетата Земја

октомври 31, 2021

На Самитот за климатските промени КОП26 кој почнува денеска во Глазгов и ќе трае до 12 ноември, ќе учествуваат околу 200 земји. Самитот кој првично требаше да се одржи минатата година но беше одложен поради пандемијата на ковид-19, се смета за клучен настан за иднината на планетата. Активисти од целиот свет предводени од Грета Тунберг […]

Папата со порака пред почетокот на КОП 26, лидерите на Г-20 бараат итни мерки против климатските промени

октомври 29, 2021

На два дена пред почетокот на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги повика светските лидери на самитот во Глазгов да донесат итни и ефикасни одговори за еколошката криза, јавуваат светските медиуми. Тој предупреди дека климатските промени се досега невидена закана врз заедничкиот дом на сите […]

Фармите на млечните и месните гиганти низ светот без јасен придонес кон климатската акција

октомври 28, 2021

Во пресрет на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), британскиот весник Гардијан во новообјавен текст појаснува дека големите корпорации кои имаат животински фарми низ целиот свет се незауздан производител на метан во атмосферата, односно влијаат негативно врз климатските промени. За разлика од контролата на емисиите на стакленички гасови кај индустриските капацитети, енергетиката, транспортот […]

Страна 1 од 2