Европски научници произведоа големо количество на енергија преку нуклеарна фузија

Фото: JET, UKAEA, gov.uk

Изгледот за искористување на енергијата од ѕвездите се добилижи чекор поблиску до реалноста откако научниците поставија нов рекорд за количината на ослободена енергија од одржлива фузиска реакција, пишува Градијан.

Научниците од експериментот Joint European Tours (JET) на Организациајта за атомска енергија на Обединетото кралство во Оксфорд генереираа 59 мегаџули топлина еквивалентни на 14 килограми (ТНТ) за време од 5 секунди излив на фузија, што е повеќе од дуплирање на претходно поставениот рекорд од нивна страна од 21,7 мегаџули во 1997 година.

„ЈЕТ експериментот нѐ доближи поблиску до фузиската енергија. Ние демонстиравме дека може да креираме мини ѕвезда внатре во машина и да ја задржиме таму пет секунди за да извадиме висок перформанс, што навистина ќе нѐ однесе сите во новиот свет“, изјавил д-р Џо Милнс, што беше главен при извршувањето на операциите во реактивните лаборатории, пренесува Би-би-си.

Нуклеарно фузиските реакции претставуваат доближување на атомските јадра и нивно соединување наместо разделување со што се одлободува енергија.

Новоотркиениот начин се очекува да биде последниот чекор за докажување дека нуклеарна фузија може да претставува голем произведувач на енергија за втората половина на 21-от век. Со искористување на ваквата моќ, во иднината базирана на фузија нема да се произведуваат стакленички гасови, ќе има само мали количевства од краткотраен радиоактивен отпад што може да води кон менување на нештата во борбата со климатските промени.

Сепак аналитичарот за животна средина, Роџер Херабин вели дека и покрај одличните вести од новиот експеримент истиот нема многу да помогне во намалувањето на ефектите што ги предизвикуваат климатските промени.

„Постои голема нејасност за тоа кога фузиската енергија ќе биде соодветно достапна за комерцијализација. Во една проценка се покажува дека тој процес ќе потрае можеби 20 години. Фузијата ќе треба да се покачи до тогаш, односно да се достигне нов рекорд што можеби ќе одземе временски период од неколку декади. Проблемот е што потребата за ослободена енергија од јаглерод е итна, владата се заложи дека електричната енергија во Обединетото Кралство ќе биде сведена на нулта емисија до 2050 година“, вели Херабин.

„Преку зборовите на мојот колега Џон Амос: Фузијата не е решението кое ќе нѐ доведе до нулта емисија на гасови до 2050. Таа е начин и решение за обезбедување на енергија во светот во втората половина од овој век“, појаснува аналитирчарот.

На климатскиот самит, КОП 26 во Глазгов беше донесен консензус за итно забрзување на климатските акции кои опфаќаат намалување на емисиите на стакленички гасови за ограничување на порастот на температурата до 1,5 (С), постепено укинување а фосилните горива, повеќе земји се обврзаа постепено да ја исфрлат струјата од јаглен и да го прекинат меѓународното финансирање на јагленот и продажбата на сите нови автомобили да биде со нулта емисија до 2040 година.