fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

Сексуално образование? (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за новостите во образованието меѓу кои е сексуалното образование. „Сексуалното образование се случува, само прашањето е дали ќе се случува под контролирани околности или ќе се случува дома без никој да ги гледа, без никој да знае за тоа?“, вели таа. Погледнете го видеото: https://youtu.be/Jgc0Run7T6Q

На 27 март ќе се одржи еколошката акција „Часот на планетата Земја“

Оваа година, на 27 март (сабота), со почеток во 20:30 часот по локално време во мрак ќе се одржи Часот на планетата Земја со што над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, вклучувајќи ја и С.Македонија ќе потонат во мрак, со цел испраќање на заедничка порака за спас на планетата Земја и предупредување за климатските промени. Со докази...

Повик до младите да се пријават за учество во дебатата „Нова генерација на влијание и етика: Водата, човекот, државата.”

Давос Лаб е првиот светски план за закрепнување предводен од млади од целиот свет како одговор и решение на светските проблеми. Станува збор за дијалогот произлезен од светската мрежа на Глобал Шејперс заедницата Global Shapers Skopje Hub - иницијатива на Светскиот економски форум. По повод Светскиот ден на водите - 22 Март, ќе се одржи младинска дебата на тема „Нова...

ТикТок воведува алатки против насилството на нивната платформа

Од социјалната мрежа ТикТок денеска соопштија дека ќе додаваат алатки кои ќе поттикнуваат љубезност на нивната платформа. Овие алатки се воведуваат со цел намалување на негативните коментари кои се напишани на видеата кои таму се објавуваат. Првата опција ќе им овозможи на креаторите рачно да одбираат кои коментари дозволуваат да останат на нивните видеа како и вграден филтер со...

Порталб: Деветмина млади од Тетово дадоа свои предлози за тоа што сакаат, а што не во градот

„Што сакам и што не сакам во Тетово“ е тема, која Порталб.мк ја отвори, преку која неколку млади од Тетово дадоа свои предлози за градот. За повеќето од нив негативни појави во овој град се казината, јавната нечистотија, загадувањето на воздухот и кучињата скитници. Според нивните предлози, во Тетово треба да се обезбеди јавен превоз и да се изградат центри...

Граѓанските еко-здруженија бараат средба со премиерот Заев: Бараат повисоко ниво на заштита за Водно

Граѓанските здруженија „Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ заедно со претставници од Шумарскиот факултет, МЗШВ, УХМР, ЦУК, Агенција за планирање на просторот бараат средба со премиерот Зоран Заев. Причината за средбата, како што велат, е тоа што и покрај гласноста и противењето на научната и експертска јавност во тек на јавните расправи, дебати, технички координативни средби при МЖСПП, прес-конференции,...

Царовска: Засега не се предвидени нови мерки во училиштата бидејќи таму нема ширење на заразата со ковид-19

Состојбата во училиштата е стабилна, нема ширење на заразата со ковид-19, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска на новинарско прашање поврзано со предвидени нови заштитни мерки од корона вирусот, имајќи ја предвид актуелната состојба во државата. „Сите протоколи се спроведуваат, немаме интерно ширење на заразата и засега не се размислува за нови мерки во училиштата“, рече министерката. Меѓу...

Со онлајн презентации, факултетите ќе ги промовираат студиските програми во средните училишта

Преку онлајн презентации почнувајќи од денеска, па сè до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. За да се олесни комуникацијата меѓу учениците и факултетите на овие настани, секое училиште...

Тргачевски (Е-Ликејон): Со подкастот ги поместувам границите на размислување за да дојдам до суштината

Духовно деградирачки се информациите што се пласираат во јавноста без некоја реална суштина, а голем дел од нив и се повторуваат. Мојот подкаст е бунт против тоа, а целта е да создадам платформа. Всушност, јас сум задолжен за техничкиот дел, јас сум каналот, а луѓето што доаѓаат кај мене го градат самиот подкаст, вели деветнаесетгодишниот Петар Тргачевски, автор на...

Инстаграм го надополнува “Instagram Live” со “Live Rooms”

На први март на блогот на Инстаграм беше објавено дека додаваат нова функционалност на веќе постоечката опција „Live“. Оваа нова опција се однесува на бројот на луѓе со коишто можат корисниците да разговараат во живо. Досега само двајца можеа да вршат пренос во живо додека со новите „Live Rooms“, а сега бројката се зголемува на четири. Покрај тоа, заедно...

Социјализација преку социјални мрежи: Младите и предизвиците со менталното здравје во време на пандемија

Ограничен физички контакт, нови начини на социјализација, настава од дома, страв и неизвесност за иднината се дел од предизвиците со кои се соочија младите во текот на глобалната криза со ковид-19. За некого време за себе, за некого отежнато секојдневно функционирање. Индвидуално, младите на различен начин ја прифатија светската здравствена криза. „Депресијата, burnout и стресот ќе бидат најзастапени предизвици со...

Стипендии за средношколците со помал просек преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“

Џолев и уметностите
Во четврток истекува рокот за аплицирање за целосни стипендии за новата сезона обуки на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ и Институтот за дизајн и технологија, наменети за средношколците со низок просек. Ова е трет пат како преку проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0“ се поддржуваат средношколците кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3,9. Преку...

МСУ со отворен повик до сите млади уметници за претстојното 13. Биенале на млади уметници

Музеј на современа уметност (МСУ) ги повикува младите уметници од земјава и странство да се пријават за претстојното 13. Биенале на млади уметници кое ќе се одржи од 5 мај до 1 септември во МСУ. Темата е страст за лутање (wɒndəlʌst). „Музејот на современа уметност во Скопје ги поканува младите уметници на движење без цел. Покануваме „скитници“ со надеж дека...

Објавен Меѓународен конкурс за стрип на слободна тема

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави Меѓународниот конкурс за стрип. Право на учество имаат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста, а темата на стрипот е слободна. Должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат или мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат. Доколку стрипот...

Vaksajns.mk vs Јавна соба (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за Јавна соба и за неодамнешните случки со веб-страницата vaksajns.mk. „Сопственикот на vaksajns.mk вели: Ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни - и е сосема во право“, вели Авеиро. Погледнете го видеото: https://youtu.be/eExNztM8e_c

Загадувањето на воздухот од централите на јаглен убива повеќе од милион луѓе секоја година

Загадувањето на воздухот од производство на електрична енергија на јаглен е одговорно за повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво секоја година. Околу 390.000 луѓе починаа во 2018 година само како последица од загадувањето со честички во воздухот, се посочува, меѓудругото, во најновиот извештај „Одбројувањето на Лансет“. Ова истражување открива некои застрашувачки статистички податоци за тоа како климатската...

Младински сојуз: Младите од Грција би сакале почесто да патуваат во Северна Македонија

Иако околу 86 отсто од младите во Грција би сакале да патуваат во нашата земја, тоа до сега ретко се случува (37%). Од друга страна, младите од Северна Македонија значително повеќе патувале во Грција (83%), додека околу 86 отсто би сакале и понатаму да патуваат во соседната земја. Ова го покажува истражувањето за перцепциите на младите луѓе во 2020 година...

Истражување на МОФ: Половина од студентите на УКИМ не се задоволни од своите претставници

Младински образовен форум (МОФ) спроведе истражување за работата на Универзитетското и факултетските студентски собранија, насловено „Една година студентски претставници – Анализа на работата на студентските собранија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), кое покажуа дека 2/3 од испитаните студенти на УКИМ не знаат кој е претседател на Универзитетското студентско собрание, а само половина знаат кој е претседател на...

Објавен конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџери

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџери. Пријавените прозни дела напишани на македонски јазик кои треба да имаат најмалку 50 страници и наративна форма, може да бидат во жанрот на роман, новела или збирка раскази. Воедно, делата треба да бидат наменети за тинејџерска возраст и досега да не биле објавувани. „Особено внимание ќе...

ДИЖС: РЕК Битола ги надминува граничните вредности на емисии на прашина и сулфурен диоксид

Термоцентралата РЕК Битола континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбалажа од отпадни масла. За ова се задолжува РЕК Битола, по извршениот надзор на 23 февруари од страна на Државниот инспекторат...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...