Порталб: Деветмина млади од Тетово дадоа свои предлози за тоа што сакаат, а што не во градот

Фото: Порталб.мк

„Што сакам и што не сакам во Тетово“ е тема, која Порталб.мк ја отвори, преку која неколку млади од Тетово дадоа свои предлози за градот.

За повеќето од нив негативни појави во овој град се казината, јавната нечистотија, загадувањето на воздухот и кучињата скитници. Според нивните предлози, во Тетово треба да се обезбеди јавен превоз и да се изградат центри што ќе ја стимулираат менталната или физичката позитивност кај младите, било да се тоа спортски, културни или други центри.

Адем Јашари
„Она што го сакам во Тетово се конкретно три места: кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, паркот на Државниот универзитет во Тетово и Бањата во Тетово. Ги сакам затоа што кога сум таму се чувствувам како да не сум во Тетово. Она што не го сакам, а сакам да се направи што е можно побрзо во градот е недостатокот на јавен превоз, сакам да го имам што е можно побрзо затоа што навистина ни треба“, истакна Јашари.

Вилдане Муслија
„Кога од Куманово се преселив во Тетово како студент, наидов на многу тешкотии и во социјалниот круг и во околината. Она што најмногу ми се допаѓа во новата средина е што, во споредба со Куманово, тука има места за рекреација, иако и тука нивниот број е многу мал. Она што не ми се допаѓа овде е што младите своето слободно време повеќе го поминуваат во кафулиња отколку во паркови“, истакна Муслија.

Алеина Арслани
„Сакам да имаме чист град, без диви депонии, развој на инфраструктурата и обезбедување јавен превоз. Она што не го сакам во Тетово е постојаното отворање казина и обложувалници кои се многу негативен феномен,“ истакна Арслани.

Аниса Беџети
„Она што јас би сакала во Тетово е посебно место за талентирани млади луѓе, каде тие ќе можат да го покажат својот талент и да бидат ценети, а би сакала да има и повеќе паркови каде луѓето ќе го поминуваат своето слободно време, а би сакала да има и повеќе корпи за отпадоци распоредени низ градот за луѓето да можат да фрлаат сметот во нив, а не на улица и со тоа да ја загадуваат животната средина. Она што не ми се допаѓа во Тетово е што многу се инвестира на места каде што младите можат многу лесно да оттргнат од правиот пат, а младите се иднината на еден народ, затоа треба што повеќе да се инвестира во културни, образовни и едукативни места,“ истакна Беџети.

Висам Демири
„Она што мислам дека му недостасува и му треба на Тетово е центар за третман на кучиња скитници, што претставува голема опасност за граѓаните на Тетово, додека она што според мене е претерано во Тетово се обложувалниците и казината во близина на младински центри, универзитетите и училиштата,“ истакна Демири.

Елиса Незири
„Она што му треба на Тетово е да се преземат максимални мерки против загадувањето на воздухот и она што не му треба на Тетово се казината и обложувалниците,“ истакна Незири.

Фатиме Велија
„Тетово треба да го има е јавна чистота, а она што не му е потребно на Тетово е палењето на отпадот,“ истакна Велија.

Бесјана Изаири
„Сакам во Тетово да има што е можно повеќе слободни работни места за младите, за да не мигрираат надвор од својата татковина, додека она што не го сакам во градот е дефинитивно отворањето казина насекаде низ градот“- истакна Изаири.

Енес Сејдини
„Она што Тетово треба да го има се активности за млади кои стимулираат ментална или физичка позитивност, без оглед дали ќе бидат спортски или активни организации за беседи, какви што конкретно воопшто и не допреле на Балканот. Она што Тетово не треба да го има е конкретното и апстрактното загадување, а реално во хармонија со преземање сериозни мерки за создавање идилична област,“ Сејдини.