ТикТок воведува алатки против насилството на нивната платформа

Фото: ТикТок

Од социјалната мрежа ТикТок денеска соопштија дека ќе додаваат алатки кои ќе поттикнуваат љубезност на нивната платформа. Овие алатки се воведуваат со цел намалување на негативните коментари кои се напишани на видеата кои таму се објавуваат. Првата опција ќе им овозможи на креаторите рачно да одбираат кои коментари дозволуваат да останат на нивните видеа како и вграден филтер со клучни зборови. Покрај тоа, сите оние кои ќе сакаат да остават потенцијално негативен коментар ќе бидат предупредени дека во нивниот текст има збор којшто е навредлив.

Заедно со оваа новост, од ТикТок соопштија и дека стапуваат во партнерство со Истражувачкиот Центар за Сајбербулинг (Cyberbullying Research Center). „Создавањето на безбедна и позитивна околина која ќе овозможи развој на креативното изразување е нашиот приоритет“, велат од ТикТок.

Соопштението во целост можете да го прочитате овде.