Објавен конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџери

Фото: Aaron Burden, Unsplash

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџери.

Пријавените прозни дела напишани на македонски јазик кои треба да имаат најмалку 50 страници и наративна форма, може да бидат во жанрот на роман, новела или збирка раскази. Воедно, делата треба да бидат наменети за тинејџерска возраст и досега да не биле објавувани.

„Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање на можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив“, велат од Детскиот културен центар – „Карпош“.

Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 април 2021 година на електронската адреса: [email protected], со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст.

За наградата ќе одлучува тричлена стручна комисија, која ќе додели една награда. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 10 јуни, а награденото дело ќе биде публикувано.