Загадувањето на воздухот од централите на јаглен убива повеќе од милион луѓе секоја година

Фото: Арбнора Мемети

Загадувањето на воздухот од производство на електрична енергија на јаглен е одговорно за повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво секоја година. Околу 390.000 луѓе починаа во 2018 година само како последица од загадувањето со честички во воздухот, се посочува, меѓудругото, во најновиот извештај „Одбројувањето на Лансет“.

Ова истражување открива некои застрашувачки статистички податоци за тоа како климатската криза има директно негативно влијание врз здравјето на луѓето. Од смртни случаи поврзани со топлина, жртви од екстремни временски непогоди, ширење на заразни болести, несигурност на храна и слаба исхрана, до зголемување на нивото на морето и раселување на населението. Извештајот презентира како климатскиот колапс одзема милиони животи секоја година, се посочува во статијата подготвена од Џеј Ди Фаруџиа, а преведена на македонски од Симона Гетова.

Одбројувањето на Лансет е меѓународен проект на експерти посветени на потсетување на креаторите на политики и на властите за ефектите врз здравјето од климатските промени.

Најновото издание на „Одбројувањето на Лансет“ покажува дека:

● Ранливите популации биле изложени на 475 милиони дополнителни топлотни бранови во 2019 година, што доведе до зголемен број смртни случаи;
● Во последните 20 години има 53.7 отстотен пораст на смртни случаи поврзани со топлина кај луѓе над 65 години. Ова вклучува 296 000 смртни случаи само во 2018 година;
● Зголемената изложеност на топлина резултираше со 302 милијарди намален капацитет на работна сила (часови поминати активно на работа) во 2019 година резултирајќи со големи економски последици;
● Во 2018 година, економските последици од смртните случаи поврзани со топлина во Европа беа резултат на пад на БДП од 1.2 отсто, што е еквивалентно на просечниот приход на 11 милиони европски граѓани;
● Климатските промени се директно поврзани со 76 поплави, суши, бури и температурни аномалии помеѓу 2015 и 2020 година;
● Климатските промени ќе ја „компромитираат сериозно“ јавната здравствена инфраструктура во 67 отсто од градовите во светот што биле вклучени во аналзиата;
● Помеѓу 1981 – 2019 година, производството на храна и приносот на поголемите земјоделски култури се намалило за 1,8 до 5,6 отсто;
● Климатската криза ја зголемила застапеноста на заразните болести, односно , а илустрација, имало 15 отсто зголемување на бројот на случаите на денга треска во 2018 година и зголемување на случаите на маларија;
● Помеѓу 145 и 565 милиони луѓе се изложени на ризик од поплави како резултат на покачување на нивото на морето;
● Загадувањето на воздухот од производство на електрична енергија на јаглен е одговорно за повеќе од 1 милион смртни случаи секоја година. 390.000 луѓе починаа во 2018 година само заради загадувањето со честички;
● Имаше 16 отсто зголемување на емисиите од добиток од 2000 до 2017 година, а 93 отсто од нив потекнуваа од животните-преживари.