недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Дејвид Гир | 78 резултати

Евроамбасадорот Гир со осуда за изјавите на Ангел Џамбаски

јануари 26, 2023

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, велејќи дека таквите изјави се неприфатливи и не ги одразуваат вредностите на ЕУ. „Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на […]

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

јануари 25, 2023

До 31 мај годинава Македонија ќе треба да се усогласи со медиумската директива на Европската Унија (ЕУ) за да не го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини, меѓу кои е и програмата Креативна Европа. На ова денеска предупреди амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир на денешното јавно претставување на […]

Годинава е значајна за напредокот на евопскиот пат, заклучиле Ковачевски и Гир

јануари 24, 2023

Оваа година е значајна за Р. С. Македонија во однос на напредокот по европскиот пат, поради што е неопходна и кохезија околу реализацијата на оваа државна стратешка цел. Ова било истакнато на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и Дејвид Гир, шефот на делегацијата на ЕУ во нашата држава. Тие разговарале за актуелни прашања од значење за […]

Гир порачува политичарите и општеството годинава да се фокусираат на реформите

јануари 5, 2023

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир им порача на граѓаните и на политичарите во новата година да се фокусираат на исполнување на реформите кои се неопходни за влез на земјава во ЕУ. Евроамбасадорот Гир порача дека ваквата цел бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството. „Главната порака до политичарите, а не […]

„Младински дијалог“, Гир со порака за младите: Бидете генерацијата што ќе донесе промени

декември 16, 2022

„Бидете генерацијата што ќе донесе промени“ беше пораката на евро-амбасадорот Дејвид Гир, во Скопје, на отворањето на „Младинскиот дијалог“ во средата. Од друга страна пак, претставниците на Владата на РСМ се заложија дека со финализирање на Националната стратегија за младите ќе има позитивни резултати за младите, пишува Порталб.мк. Делегацијата на ЕУ во Скопје ја започна […]

Попладнево во Дебар Маало ќе се одбележат 70 години од раѓањето на Горан Стефановски

декември 14, 2022

Денес во 17 часот покрај клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, проследено со тивка акустична музика од бендот „Amniotic Fluid“ ќе се одржи настан на кој ќе бидат вклучени сијаличките во паркот и симболично ќе се одбележат 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели. Настанот кој ќе биде повод […]

Гир: Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата

декември 14, 2022

Евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на Регионалната конференција за борба против корупцијата порача дека убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, додека граѓаните очекуваат резултати и нагласи дека во поширок регионален контекст е заеднички предизвик што најдобро може да се решава преку соработка и размена на добри практики „Државните институции мора заеднички да […]

Гир: Да се бориме против корупцијата преку државните институции

декември 9, 2022

Северна Македонија мора да избере дали ќе се движи напред, одлучно да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе. Ова денеска го истакна евроамбасадорот Дејвид Гир, на прес-конференција пред состанокот со институциите кои имаат надлежност за справување со корупцијата. На овој состанок ќе се разгледаат забелешките од […]

Отворена конференцијата е-Општество.мк, во фокусот кибер отпорноста за слобода и безбедност

декември 6, 2022

Фондацијата Метаморфозис по 18-ти пат ја организира меѓународната конференција е-Општество.мк, која што денеска започна во хотелот „Мериот“ во Скопје. Со исклучително актуелната тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“ што ја третира, конференцијата започна пред преполна сала со обраќања на амбасадорите на ЕУ, Дејвид Гир, на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, како и на Обединетото […]

Власта во Собрание ќе турка законски измени за враќање на владините реклами

ноември 16, 2022

Пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието на РСМ доставија предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто е закажан како точка на дневен ред на денешната 91-ва седница на парламентот. Законските измени се предложени од пет пратеници од власта, а со нив се бара бришење на членот 102 од Законот, со кој беше […]

Фестивал за инклузија: Лицата со попреченост заслужуваат многу повеќе

октомври 28, 2022

Оваа седмица започна со многу емоции и многу љубов. Присутните на Фестивалот за инклузија кој се одржа во понеделникот не можеа да ги задржат солзите. Тие плачеа од воодушевување кога по работилниците за креативно изразување за лица со и без попреченост и работилницата за развивање на комуникациски вештини низ дружење со лица со оштетен вид […]

Амбасадорот Гир и министерот Сали ја презентираа донацијата со опрема за транспорт и складирање на вакцини против ковид-19

септември 9, 2022

Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир и министерот за здравство Беким Сали во средата ја презентираа опремата за транспорт и складирање на вакцини против ковид-19 и други вакцини. Евроамбасадорот Гир изјави дека пандемијата на ковид-19 имаше големо влијание врз цела Европа. Тој и министерот Сали ја искористија приликата да се заблагодарат на […]

Јарослав Лудва: Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан

септември 5, 2022

Aмбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Јарослав Лудва денеска на 41-вата седница на Комисијата за европски прашања ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Чешкото претседателство со Советот на Европската унија за втората половина на 2022 година. Тој нагласи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен […]

Загрижувачки податоци за опресија и дискриминација презентирани на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

мај 18, 2022

Коалиција Маргини на дебатата за одбележување на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата (IDAHOT) што вчера се одржа во резиденцијата на ЕУ на која во присуство на шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз го презентираше извештајот „Секојдневниот […]

Ковачевски – Гир: Северна Македонија е на линија на Европската Унија за Украина

март 7, 2022

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, соопштија од владината прес-служба. На состанокот беше поздравено лидерството на Владата и брзата реакција за ситуацијата во Украина. „Премиерот Ковачевски […]

Кардиохирургот Сашко Јовев е прогласен за „Маж на годината 2021“

декември 15, 2021

Вчера во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје по четврти пат се одржа настанот „Мажи на годината“ во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, политиката и јавниот живот. Беа избрани 13 најуспешни мажи во 13 категории кои ја одбележале 2021 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од […]

Сочувство од амбасадорите во земјава по автобуската несреќа во Бугарија

ноември 23, 2021

Странските амбасадори во земјава испратија сочувство по трагичната автобуска несреќа што утрово се случи во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица. Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј изрази длабоко жалење за утринската вест за загинатите лица во трагичната автобуска несреќа во Бугарија. Deeply saddened by the news this morning of those who died […]

Европскиот воз вчера пристигна во Скопје, ЕУ ја промовира железницата како превозно средство [галерија]

септември 14, 2021

Единствениот меѓународен патнички воз годинава меѓу Белград и Скопје вчера вечер пристигна на Железничката станица во Скопје. Европскиот воз „Connecting Europe Express“ го посети главниот град на земјава, за да ја испрати пораката на ЕУ дека иднината на транспортот е во железницата. Со возот од Белград допатува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, […]

Амбасадорите Галовеј и Гир изразија сочувство за жртвите во трагедијата во Тетово

септември 9, 2021

Трагедијата која синоќа се случи во Тетово, пожарот во ковид-центарот и загинувањето на најмалку 14 лица, е топ тема во регионот, а изрази на сочувство до граѓаните пристигнуваат од сите страни. Амбасадорот на Европската Унија во државата Дејвид Гир напиша дека нивните мисли се со луѓето од Тетово. „Нашите мисли утрово се со луѓето во […]

Груби-Гир: Нема простор за евроскептицизам и друга алтернатива освен европската интеграција

јули 12, 2021

Поддршка на Европската Унија во процесите на развој и интеграција на државата, посветеноста на Владата за реформските процеси, политиките на дијалог и стратешките цели на земјава, беа дел од разговорите на денешната средба меѓу вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на […]

Страна 3 од 4