fbpx

Амбасадорите Галовеј и Гир изразија сочувство за жртвите во трагедијата во Тетово

-

Трагедијата која синоќа се случи во Тетово, пожарот во ковид-центарот и загинувањето на најмалку 14 лица, е топ тема во регионот, а изрази на сочувство до граѓаните пристигнуваат од сите страни.

Амбасадорот на Европската Унија во државата Дејвид Гир напиша дека нивните мисли се со луѓето од Тетово.

„Нашите мисли утрово се со луѓето во Тетово после трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на оние кои ги загубија своите животи и најдобри желби за брзо опоравување на повредените,“ напиша Гир на Твитер.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј исто така изрази сочувство на Твитер.

„Моите мисли се со луѓето од Тетово и жртвите на трагичниот пожар што го зафати ковид-центарот. Овој катастрофален настан се случи во време кога луѓето имаа најголема потреба. Сочувство до оние кои ги изгубија најблиските,“ напиша Галовеј на Твитер.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...