fbpx

Јарослав Лудва: Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан

-

Aмбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Јарослав Лудва денеска на 41-вата седница на Комисијата за европски прашања ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Чешкото претседателство со Советот на Европската унија за втората половина на 2022 година. Тој нагласи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и ја потврди поддршката за отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Амбасадорот Лудва говорејќи за чешкото претседателство со ЕУ, кое официјално започна на 1 јули, истакна дека Чешка ќе се фокусира на војната во Украина и последиците од неа и во тој контекст ќе биде насочено кон управувањето со бегалската криза и повоената обнова на Украина.

Тој, исто така, како важни приоритети ги посочи и состојбата со безбедно снабдување со енергија, во смисла на намалување на зависноста од руските фосилни горива и брз премин кон зелената агенда, потоа зајакнувањето на европските одбранбени капацитетии безбедноста на сајбер просторот, стратешкатаотпорност на европската економија кон глобалните предизвици и зајакнување на демократските институции, со цел оддржување и развој на демократијата и владеењето на правото.

За процесот на проширување на ЕУ, нагласи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, и во таа насока, беше потврдена силната поддршка за отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

На седницата свои обраќања имаа и Шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир, како и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Евроамбасадорот Гир истакна дека државата веќе ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор што треба да се направи е да напредува кон отворање на пристапните преговори. Притоа, посочи дека сега е моментот државата да испорача реформи, со цел земјата да чекори успешно кон зачелнување во ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ порача дека во овој исклучително сложен процес, владата државнички и одговорно се справи со сите предизвици со кои се соочуваше во текот на дијалогот со Бугарија и Европската Унија, при што успеа да го заштити македонскиот јазик и идентитет, во сите документи кои беа јавно објавени, вклучувајќи го и Протоколот.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, истакна дека евроинтегративниот процес бара единство  на сите политички партии ,не само декларативно, туку и на дело, ако сакаме  да стигнеме до целтта – да бидеме  членка на Европската унија.

„Граѓаните тоа го бараат, бидејќи потребни ни се европски вредности, кои  подразбираат владеење на правото, успешна борба против корупцијата и создавање на економски услови за пристоен живот во земјата“, порача тој.

Адеми се заблагодари  за  Чешката поддршка на европската интеграција на Северна Македонија, особено во  рамките на Вишеградската група, каде се залага за приклучување на земјите од  регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан во политичкиот и економскиот систем на Европската унија.

На Комисијата за европски прашања присуствуваа и претставниците и членовите на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ, како и  на дипломатскиот кор и медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...