fbpx

Нови 254 случаи на ковид во текот на викендот, починале 4 пациенти

-

Министерството за здравство (МЗ) ги соопшти новите податоци за ковид-епидемијата во земјава, според кои од петокот попладне до недела во земјава биле направени 1.308 тестови, а регистрирани биле 254 нови случаи на ковид-19.

Од нив во Скопје биле регистрирани 143, во Битола 22, во Охрид 11 и во Куманово 10. Во останатите градови бројките се помали од 10 нови случаи.

Од вкупниот број позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции.

Бројката на оздравени пораснала за 412, а бројката на починати за четири лица. Починатите се од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин нема регистрирано пациенти што починале од ковид-19 во изминатиот период..

Досега во земјава се направени вкупно 2.154.094 тестирање за ковид-19. Вкупната бројка на утврдени случаи изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако соученик ве малтретира во вибер група, направете скриншот и пријавете го кај педагогот

Ученик фотографирал соученик во соблекувална пред часот по физичко образование, па потоа фотографијата ја споделил во вибер група во која сите се исмејувале со ученикот-жртва. Девојка споделила фотографија со...