сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Комисија за европски прашања | 31 резултати

Поднесени над 40 амандмани за Предлог – законот за јавно обвинителство

август 29, 2019

Над 40 амандмани поднеле политичките партии за Предлог – законот за јавно обвинителство, кој денеска се разгледува на седница на Комисијата за европски прашања. Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ поднела околу 20 амандмани, 16 се на СДСМ, 10 се на ДУИ и три на пратеничката Сурија Рашити. Претседателот на Комисијата, Артан Груби даде пауза веднаш […]

Предлог-законот за јавно обвинителство в четврток на комисиска расправа

август 27, 2019

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа за Предлогот на закон за јавното обвинителство и за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Артан Груби во текот на денешниот ден имал консултации со координаторите на пратеничките […]

Преведени сите 401 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за Изборниот законик

јули 20, 2018

За помалку од 24 часа преведени се и архивирани сите 401 амандмани за законот за измена на Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ, изјави претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби. Амандманите ќе се разгледуваат на денешната седница Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, со образложение дека ќе треба време […]

Груби ги стави амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик на седница во 11 часот

јули 20, 2018

Седницата на Комисијата за европски прашања ќе продолжи денеска во 11 часот, а на дневен ред се 401 амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за измени на Изборниот законик по скратена постапка. Предлог законот за изменување, го поднесе владата, тој е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. Со него, владата […]

Груби ја закажа за попладнево комисијата за изменување на Изборниот законик

јули 19, 2018

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, за 17.30 часот денеска закажа седница на која единствена точка е предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Овој потег на Груби уследи кратко по завршувањето на лидерската средба, на која претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Билал Касами не постигнаа договор. […]

Жбогар: Македонија ја очекува многу работа

април 24, 2018

Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која го претстави извештајот. – Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. […]

Груби: По изгласувањето на законот за јазици, време е да се посветиме на реформите

март 15, 2018

Артан Груби, претседателот Комисијата за европски прашања која беше матичното работно тело кое го разгледуваше законот за употреба на јазиците преку соопштение до јавноста го поздрави вчерашното донесување на законот. Груби изразува особено задоволство што законот за употреба на јазиците се донел со 64 гласови „за”, без ниту еден глас „против” и „воздржан” и што […]

Бугарскиот амбасадор на 15 јануари во Собранието ќе ја презентира програмата за ЕУ

јануари 2, 2018

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков, на седница закажана за 15 јануари пред собраниската Комисија за европска прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Инаку, Бугарија претседавањето со ЕУ во следните шест месеци ќе го посвети на четири приоритети – иднината на Европа и младите […]

Расправата за законот за јазиците заврши без ниту еден прифатен амандман

декември 15, 2017

Синоќа пред полноќ собраниската Комисија за европски прашања и Законодавно-правната комисија ги завршија трите дена амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците. Комисијата за европски прашања три дена дебатираше за првиот амандман на Беса со кој партијата предложи да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ побара да […]

Беса нема да учествува во расправата за Законот за јазиците оти била „политички театар“

декември 14, 2017

Пратениците на Беса нема да учествуваат на амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците бидејќи за нив она што се случува во Собранието е „политички театар“. – Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар – изјави денеска пратеникот Фадил […]

Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии

декември 14, 2017

Во две собраниски комисии денеска ќе се дискутира за Предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Од 13 часот, за предлог-законот ќе се расправа во Комисијата за европски прашања, во второто продолжение на 6-тата седница на оваа комисија, а од 16 часот е предвидено тој да се најде на 31-та седница на Законодавно-правната комисија.

Беса побара Законот за јазиците да се преименува во „закон за албанскиот јазик“

декември 13, 2017

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од Беса не сакаше да ја напушти говорницата откако Груби не му даде збор. Беса преку амандман бараше да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ […]

Втор обид за почеток на амандманската расправа за законот за јазиците

декември 13, 2017

Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, денеска треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците. Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ објавија дека ќе ја бојкотираат работата на Собранието бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата […]

Одложена комисиската седница за законот за јазиците, никој не дојде од Министерство за правда

декември 11, 2017

Амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците која денеска требаше да почне во собраниската Комисија за европски прашања е одложена, поради, како што соопшти претседателот на Комисијата, Артан Груби, неприсуството на претставници од Министерството за правда. Како што соопшти Груби, тој добил известување од министерот за правда, Билен Саљији дека е во Летонија, и дека […]

Утре почнува расправата за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања

декември 10, 2017

Со почеток во 11 часот, утре во Собранието на Република Македонија, Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 6-тата седница. На дневниот ред единствена точка е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Оваа седница за законот за јазиците првично беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан […]

Груби: Седницата за законот за јазиците не ја одложив поради изјавата на Хан

ноември 21, 2017

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби, ја одложил утрешната комисиска седница за законот за јазиците за да не се дефокусира јавноста од итните прашања. – Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов […]

Груби ја одложи комисиската седница за законот за јазиците

ноември 21, 2017

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, ја одложи утрешната комисиска седница на која во второ читање требаше да се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, соопштија од Комисијата. Во соопштението не се наведува причината за откажувањето на седницата, која требаше да се одржи на 22 ноември – Денот на албанската азбука. […]

Груби ја закажа седницата за законот за јазиците на Денот на албанската азбука

ноември 16, 2017

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како што најави, комисиската седница на која во второ читање ќе се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, ја закажа за 22 ноември – Денот на албанската азбука, потврдија од Комисијата за „Мета“. Груби го најави тоа вчера, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија, откако […]

Законот за употреба на јазиците со 9 гласа „за“ помина во Комисијата за европски прашања

септември 7, 2017

Законот за употреба на јазиците го помина првото читање во собраниската Комисија за европски прашања. Пратениците со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ од вкупно 18 членови, го усвоиле заклучокот дека законот е прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ и дека треба да се даде на понатамошно читање. Пратеникот […]

Законот за јазиците денеска излегува од Комисијата за европски прашања

септември 7, 2017

Во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска треба да заврши расправата по единствената точка од дневниот ред, Законот за употреба на јазиците, во прво читање. Во рамките на денешната расправа, која почнува во 12 часот, се најавени завршни обраќања на координаторите на четирите најголеми групи во Собранието, по што ќе се […]

Страна 1 од 2