fbpx

Кардиохирургот Сашко Јовев е прогласен за „Маж на годината 2021“

-

Вчера во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје по четврти пат се одржа настанот „Мажи на годината“ во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, политиката и јавниот живот.

Беа избрани 13 најуспешни мажи во 13 категории кои ја одбележале 2021 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од институции, новинари, претставници на бизнис секторот, режисери и стилисти, титулата за „Маж на годината 2021“ ја доби кардиохирургот, проф. д-р Сашко Јовев.

Д-р Јовев е еден од водечките кардиохирурзи во земјава кој има остварено видни постигнувања во областа на кардиохирургијата. Тој го водеше тимот што ги изврши двете трансплантации на срце во земјава. Кај „Маж на годината“ во категоријата – странци, наградата ја доби Дејвид Гир, амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Признанието за маж со најголем придонес во културата го доби актерот, продуцент и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.  Во категоријата за маж со најдобар стил, за најдобро стилизиран маж во 2021 година беше избран доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинари и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, Драган Б. Костиќ беше награден со наградата „Маж со трајни вредности“.

За маж со најголем придонес во спортот беше избран Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.

Генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов победи во категоријата „Менаџер на годината за 2021“, a наградата за „Млад менаџер“ отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei. Уште една категорија за избор на менаџери е „Менаџер на годината до 40 години“, чија главна награда ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски.

На селективниот настан „Мажи на годината“, кој традиционално се одржува во ноември во чест на месецот на машкото здравје е и „Наградата за хедонист на годината“ која оваа година ја доби Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на „Пивара Скопје“ АД.

Наградата за маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, додека специјалната награда маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

Изборот на Мажи на годината секоја година од 2018 се одржува последната среда од месец ноември, но оваа година поради трагичната автобуска несреќа истиот беше одложен за почетокот на месец декември.

Тој е во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин, првиот специјализиран онлајн магазин кај нас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...