fbpx

Гир: Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата

-

Евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на Регионалната конференција за борба против корупцијата порача дека убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, додека граѓаните очекуваат резултати и нагласи дека во поширок регионален контекст е заеднички предизвик што најдобро може да се решава преку соработка и размена на добри практики

„Државните институции мора заеднички да работат да го намалат обемот на корупција, да воведат закони и правила на однесување и санкции за коруптивно однесување, но и треба да ги спроведуваат и извршуваат овие мерки. Борбата против корупцијата подразбира и градење негативна средина за сите коруптивни навики преку засилување на клучните системи за интегритет, јавните набавки и управување со јавни финансии, како и градење државни ревизорски институции и антикорупциски тела и партнерства со граѓанското општество, компаниите и слободните и независни медиуми“, рече Гир.

Тој додаде дека ЕУ, заедно со земјите членки, ОН и другите меѓународни партнери ќе ги поддржат партнерите од Западен Балкан во нивните напори за подобрување на демократијата, јавната доверба во институциите за се направи еднакво поле за натпревар, конкурентност и еднакви можности за сите.

„Борбата против корупција и за промоција на владеење на право е тешка бидејќи вклучува отстранување на елити и воспоставени интереси кои што функционираат на ниво на криминал и корупција, но и се потпира на менување на навиките на луѓето, граѓанското општество и медиумите“, истакна евроамбасадорот.

Сите истражувања, потсети Гир, укажуваат на уништувачкиот ефект на корупцијата врз образовните и работните можности и тоа се клучните фактори кои што ги бркаат младите од државата.

„Корупцијата е предизвик во секоја држава и напорите против корупцијата треба секогаш да се обновуваат и прилагодуваат на новите можности и предизвици со кои се соочуваат нашите општества, било тоа да се дигитализацијата, глобалната пандемија, енергетската криза или влијанието на руската војна против Украина“, рече Гир.

Според ЕК трошокот од корупцијата врз економската економија е 20 милијарди евра годишно и борбата против корупцијата, заедно со владеењето на правото се клучните принципи на Унијата.

„Скорешните настани во срцето на ЕУ, во  Европскиот парламент покажаа многу сликовито со какви проблеми се соочуваме и ние во ЕУ. Одговорот на таквите ситуации се базира на ефикасноста и брзината на правосудниот систем да се справи со тие наводи и институциите да одговорат и ги решат сите слабости кои што овозможиле да се случи тоа“, рече Гир.

Според него, пристапниот процес е огромна можност за предводење на промените во градење на поотворено и поотчетно општество.

„Сега е моментот на медиумите и граѓанското општество, да бидете најмногу ангажирани. Сега имате можност за промени и ние сме тука да ве поддржиме сите“, порача евроамбасадорот Гир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...