fbpx

Сиљановска Давкова се сретна со Гир и со амбасадорот Силвестри

Имаме потребата за напредок во процесот кон членство во ЕУ, како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани, кажала претседателката на средбата со Гир

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, а имаше средба и со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, соопштија од нејзиниот кабинет.

На средбата амбасадорот Силвестри ѝ честитал на изборот на претседателката Сиљановска Давкова и ѝ посака успешно извршување на претседателската функција.

На средбата со Гир, пак, таа се заблагодарила за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изразила подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјава.

„Имаме потребата за напредок во процесот кон членство во ЕУ, како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани. Нашата иднина несомнено е во ЕУ, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности“, рекла Сиљановска на средбата.

Претседателката посочила на нејзината подготвеност да придонесе во градењето единство за прашања од национален и државен интерес и да придонесе кон обезбедувањето на политички и општествен консензус по однос на реформската агенда и усвојувањето на закони за кои е предвидено европско знаменце, со цел да се избегне неговата злоупотреба, што беше нотирано и од самата ЕУ во изминатиот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...