fbpx

МВР: Завршија сите потребни проверки, лажни се пријавите за поставени бомби

-

Министерството за внатрешни работи потврди дека сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 15 училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа се завршени и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

Меѓу училиштата кои денес добиле вакви закани се средните училишта „Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Јосип Броз Тито“, но и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Пред два дена главниот град беше блокиран заради евакуации по дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, „Џевахир сити“ и ТЦ „Ист гејт“. По извршените антитерористички проверки беше утврдено дека дојавите се лажни.

Утрово закани за поставени бомби добиле 15 училишта во Скопје

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ: фокус на проширувањето и владеењето на правото

Токму затоа што беше неформален, од неодамнешниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, немаше завршен документ. Оваа статија ја засноваме на прес-конференциите пред и по Самитот, но...