fbpx

Димитров смета дека е време да почнат преговорите, Гир вели дека уште не е време за меѓувладина конференција

-

Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници, порача вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров во неговото обраќање на прес конференцијата со евроамбасадорот Дејвид Гир по повод Денот на Европа, 9 Мај. Според него за нас е луксуз да чекаме повеќе. .

„Огромно мнозинство земји членки сакаат што е можно побрзо да почнеме преговори со ЕУ, и ние и Албанија. Моето разбирање е дека тоа е став и на ЕК, која веќе го препорача во октомври лани. Тоа е нашата цел и на таа цел работиме заедно. Северна Македонија ги исполни сите услови на линија на европските принципи и почнувањето на преговорите е заслужена работа. Изгубеното време, години и генерации, покажаниот прогрес изминатите години и покажаното лидерство во решавањето на тешки прашања се тест дали можеме да и веруваме на ЕУ во целиот Балкан. Нашата битка е битка и на Европа со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме преговорите со членство. Да ни е честит 9 мај, Денот на Европа“, порача Димитров

Тој најави дека утре ќе отпатува во Брисел со премиерот Зоран Заев на средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и оти неговите очекувања се да го чујат ставот на ЕУ во врска со македонскиот од во евроинтеграцијата.

Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека ЕК работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција и со двете земји, но нагласи дека работите не се не се дојдени се уште до тој момент, а одлуката е во рацете на Европскиот Совет.

„Во врска со билатералните прашања секогаш ги охрабруваме земјите да работат заедно за да се постигне заедничко прифатливо решение со цел да се продолжи напред. Прашавте околу раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија, мислам ова прашање беше покренато и повторно при посетата на еврокомесарот Вархеји и тој повторно кажа дека ЕК работи за да се постигне согласност за меѓувладини конференции за двете земји – и за Северна Македонија и за Албанија, меѓутоа, сè уште не сме стигнати до таму. Се разбира, одвојувањето е и прашање со кое треба да се занимава и Европскиот Совет, тука се 27 земји членки кои треба да дебатираат за тоа прашање“

Тој сепак порача дека позицијата на ЕК е апсолутно јасна: „Комисијата сака да види одржување на меѓувладината конференција, односно почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија што е можно побрзо. Процесот е заснован на заслуги а двете земји имаат направено многу во однос на тој процес. Време е да се оди напред, т.е. да се направи напредок“, рече Гир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...