fbpx

Сочувство од амбасадорите во земјава по автобуската несреќа во Бугарија

-

Странските амбасадори во земјава испратија сочувство по трагичната автобуска несреќа што утрово се случи во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица.

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј изрази длабоко жалење за утринската вест за загинатите лица во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

„Мое искрено сочувство до семејствата и пријателите на оние кои ги изгубија животите и се надевам на целосно опоравување на повредените“, напиша на Твитер амбасадорката Галовеј.

Амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мари Брнз од името на американската амбасада упати најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските, поддршка до оние кои беа повредени и до сите оние кои се ожалостени за трагичната автобуска несреќа.

„Нашите мисли се со сите вас во ова тешко време“, напиша американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

И амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир на Твитер излезе со сочувство кон настраданите лица.

„Нашите мисли, во овој момент, се со семејствата и пријателите на загинатите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрово. На повредените им посакуваме целосно и брзо закрепнување“, напиша Гир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...