fbpx
Таг: бомби

таг: бомби

Павиќевиќ: Дојавите за бомби го нарушуваат менталното здравје на учениците

Mенталното здравје кај учениците веќе е нарушено затоа што дојавите на бомби создаваат тензија, вели за „Слободен печат“ Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци. Тој упати апел до надлежните институции што е можно побрзо да го најдат сторителот кој стои зад овие пријави, без оглед дали истиот е од Македонија или странство. „Покрај учениците, морам да потенцирам дека и...

Повторно упатени закани за поставени бомби, овојпат до четири училишта

Денеска околу 14 часот на електронските адреси на четири училишта во Скопје била упатена закана за поставена бомба, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиената пријава полициски службеници преземале мерки, а училиштата се безбедно евакуирани. Од МВР додаваат дека во тек се антитерористички проверки и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е петта по ред закана за...

Момчето што е приведено, не значи и дека е виновно за лажните закани за бомби во скопските училишта

Во полициското соопштение јасно стои дека лицето е приведено „поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби“. Никаде, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, не се вели дека токму тоа лице е „момчето што ги пријавило бомбите во училиштата“. Објавата на Фејсбук, а и самиот медиумски наслов, без почитување на презумпција на невиност, посочуваат...

Муцунски: Некој го мести Николовски, МВР да ги разоткрие вистинските сторители

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски смета дека некој го мести 23 годишниот Никола Николовски кој е осомничен за поврзаност со лажните закани за бомби во скопските средни училишта. Муцунски на социјалните мрежи објави оти смета дека Николовски е невин, а полицијата треба да ги разоткрие вистинските сторители. Муцунски во својата објава на социјалните мрежи...

Одземени предмети за вештачење од домот на осомничениот Николовски, тој е пуштен на слобода

Од домот на осомничениот за можна поврзаност со вчерашните лажни закани за поставени бомби во девет скопски средни училишта, одземени се предмети за вештачење, информираат од МВР за Мета.мк. Покрај повеќечасовниот разговор со него во полициска станица, во координација со обвинителството извршен бил претрес на неговиот дом, додаваат оттаму. Потоа, тој е пуштен на слобода додека МВР се обидува...

Еден приведен во врска со лажните закани за бомби во скопските средни училишта

Министерството за внатрешни работи денеска приведе едно лице кое е осомничено дека е поврзано со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје. Како што велат од МВР за Мета.мк, денеска (02.11.2022 г.) го привеле Н.Н. од Скопје, а во координација со јавното обвинителство веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од МВР информираат дека завршиле проверките во деветте...

Нова закана за бомби во осум училишта, овојпат во содржината на пораката е и шегата на Путин

Нова дојава за поставена рачна експлозивна направа пристигна на електронските адреси на училишта за средно образование во Скопје. Како што информираат во Министерството за внатрешни работи, во СВР Скопје околу 14.30 часот денеска е пријавено дека до осум училишта пристигнала електронска порака со закана за поставена бомба. Ова е четврти пат во последниве две недели да има дојави за поставени...

Дојави за поставени 50 бомби на повеќе локации во Белград

Бројни дојави за бомби се пријавени денес за повеќе важни објекти во српската метропола, Белград. Оваа информација ја потврди и српското Министерстви за внатрешни работи за Еуроњуз на српски јазик. Електронски пораки со заканувачка содржнина испратени од наводна „Азовска античетничка бригада“, во кои е наведено дека се поставени бомби на 12 локации низ Белград биле проследени и до неколку медиуми...

Прислушувани разговори за затворањето на А1 телевизија: „Мора да им се земе лиценцата, па нека плачат после“

Две нови „бомби“ за затворањето на А1 телевизија се појавија на јутјуб каналот Fenix A1. Во првата бомба се објавени разговори на кои наводно се слушаат гласовите на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот обвинител Љупчо Шврговски. Во втората бомба пак наводно разговараат тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, како и поранешниот главен...

„Вистиномер“: „Бомбите“ се опасност и за државата и за граѓаните – Јавното обвинителство мора да реагира

Ако продолжи ваквото масовно објавување на нелегално снимени разговори, политичките елити на крајот ќе си останат потпрени само на најцврстите подржувачи кои без размислување ги поддржуваат на избори. Со тоа, крајниот резултат на сето ова пренатрупување на јавноста со вакви материјали ќе биде пукање на „бомбата во раце“, т.е. ќе има негативен ефект врз „продуцентите“, „дистрибутерите“ и нарачателите, пишува...

Контраспин: „Храбрејќи ги колегите“, Чулев МВР го претвора во „МВРО-ВМРО“

Доколку инспектори од МВР, „охрабрени“ од Чулев, започнат со повикување или приведување во текот на избoрната кампања сами, без ОЈО, на политичари од главните партии, тоа ќе значи директно вмешување на МВР во изборниот процес, по теркот на „МВР-ВМРО“ од времето на владеењето на Никола Груевски. Тоа ќе доведе и до подeлба на вработените, на што предупреди и полицискиот...

Четири нови аудио-снимки: Мицкоски договарал соработка за избори со Кичеец

Четири нови аудио-снимки со име „Facts and Figures“ се објавени на „Јутјуб“, а на кои се слуша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како договара соработка за избори во Охрид и Западна Македонија со Зоран Милески-Кичеец кој призна вина во случајот „Рекет“. Станува збор за периодот на претседателските избори во 2019 година. „Би те замолил за првиот круг во Охрид да...

Осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, сторителите сè уште непознати

Утрото на 12 април 2012 година беа убиени четворица млади момчиња и рибар кај Смилковското езеро, а по навршени осум години од убиството не успеавме да ги дознаеме одговорите на прашањата кои, како и зошто ги убија нив, пишува „Порталб.мк“. Филип Славковски, Александар Нацевски, Цветанчо Ацевски, Кире Трпковски и Борче Стевковски заминаа на другиот свет со мистеријата за извршителите на...

Стари теории на заговор за бомби на НАТО во Јадранско Море повторно „пукаат“

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Српски портали ги слушаат само бомбите на „Ла Верита“, но не и изјавите на Заев

Дел од српските медиуми, меѓу кои и порталот „Мондо“,  излегоа со тенденциозни написи: „ЗАЕВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ: Експремиерот на Северна Македонија  купувал гласови! (ZAEV U CENTRU SKANDALA: Ex premijer Severne Makedonije kupovao glasove!). Ва самите наслови ова се соопштува како да е целосна вистина, како да е потврдено од некоја официјална институција. Иако, всушност, станува збор за пишување на Италијанскиот весник „Ла верита “, кој објави нов материјал за...

МВР: Братот на „Ел Чека“ не е приведен

Министерството за внатрешни работи во изјава за „Порталб.мк“ ги демантираше пишувањата во медиумите дека братот на „Ел Чека“, Блерим Ахмети, бил приведен денеска. - Тој не е приведен, само беше во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в недела - вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Блерим Ахмети пред неколку дена беше на чело на протестот против...

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“. Обвинителството го товари за...

СЈО: „Бомбите“ на „Ел Чека“ не потекнуваат од кај нас

Ја уверуваме јавноста дека сите аудио-материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите, се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство по повод сомнежите во јавноста дека, „бомбите“ кои ги објавува „Ел Чека“ потекнуваат од СЈО. Тие додаваат дека новообјавените разговори на фејсбук-профилот со псевдоним...

Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на фејбук-профилот „Ел Чека“, просочувајќи дека нема информации од каде се обезбедени. – Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори - рече Јанева пред Петтата сесија на работната...

За „бомбите“ од Ел Чека ќе истражува кичевското обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека до ОJO Кичево ја доставило кривичната пријава поднесена од МВР против таканаречениот „Ел Чека“ од Чикаго , кој повеќе од една седмица споделува „бомби“, односно прислушувани разговори на лица главно од ДУИ. Во овие разговори се слушаат функционери на ДУИ кои разговараат меѓу себе, меѓутоа има и разговори меѓу нив и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ,...