fbpx
Таг: бомби

таг: бомби

Се објавуваат нови „бомби“, Заев не ги слушнал ДУИ бара одговорност од институциите

Профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ со име „Ел Чека“, веќе неколку дена споделува некои прислушувани материјали или т.н. „бомби“, кои датираат од периодот од 2008 до 2015 година, период во кој тајната полиција нелегално прислушувала илјадници граѓани, а подоцна дел од тие разговори беа објавени од поранешниот опозициски лидер Зоран Заев. Во овие разговори се слушаат функционери на ДУИ кои...

Анализа: Четири години нема одговор кој го нарача кумановско „Диво Насеље“

Се навршија четири година од оружената пресметка во „Диво насеље“, населба во Куманово. Престрелката траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Истовремено, во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група. За настаните во „Диво насеље“ од 37 обвинети за...

Цаца Николовска: Предметите на СЈО не се доведени во прашање

Материјалите од прислушуваните разговори, односно „бомбите“, не се единствениот доказ што Специјалното јавно обвинителство ги користи во своите предмети, според тоа, овие предмети не се доведени во прашање, е ставот на Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур. Според судијката, државата не смее да се доведе до ситуација некој од осомничените да не одговара...

Објавените „бомби“ ќе продолжат да ечат, МВР треба да ги открие тие што се во приватни архиви

„Бомбите“ кои веќе беа објавени, а сè уште постојат како записи на интернет, нема зошто да бидат уништени или санкционирани, смета поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, откако Министерството за правда соопшти дека, со новиот закон за јавно обвинителство, СЈО ќе мора да ги уништи материјалите од нелегално прислушуваните разговори. Проблем се необјавените „бомби“ кои ги поседуваат политички партии...

Заев: Сите процеси на СЈО за кои постојат докази продолжуваат

Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат, доказите се живи и здрави, тие постојат, не може некој да ги уништи, да ги сокрие, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со новото законско решение за СЈО го спасува неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој додаде дека предметите за кои постојат докази, соодветно се распределуваат во државното...

„Бомбите“ од сефот на СЈО одат во сецко и дробилка

„Бомбите“ кои ги поседува Специјалното јавно обвинителство ќе бидат уништени, соопшти вчера Министерството за правда, известувајќи дека Владата ја решила иднината на СЈО, вметнато во предлог-законот за Јавното обвинителство. Но, која е постапката за уништување на материјалите од  нелегално прислушкуваните разовори , и што со копиите на „бомбите“ надвор од СЈО? Министерството за правда во своето вчерашно соопштение не...

„Свиркачите“ Лазаревски и Костовски се враќаат во МВР

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, „свиркачите“ што ја обелоденија аферата со прислушувањето на претходниот режим, од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. Ова на својот Фејсбук профил го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, каде објави и фотографија од средбата. Лазаревски е сведок во предметот на СЈО за прислушувањето „Таргет - Тврдина“. Тој и во сведочењата,...

Невладините организации бараат враќање на работа на укажувачите Лазаревски и Костовски

Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, чие откривање на тајните прислушкувања доведе до оставка на премиерот Никола Груевски во 2016 година, треба веднаш да бидат вратени на работните позиции во државниот сектор, што ги изгубија како одмаздување за нивното дело, бараaт три невладини организации. „Транспаренси Интернешнл“-Македонија, Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа,и Европскиот центар за правата на укажувачите веќе...

Директорот на ОТА: „Бомбите“ никогаш нема да се повторат

Директорот на новата Оперативна техничка агенција (ОТА) Зоран Ангеловски, соопшти дека Агенцијата, која ја презема опремата за прислушување од УБК и која ќе ја има контролата врз следењето на комуникациите, денеска официјално почнува со работа во полн капацитет. На заедничката прес-конференција во Владата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ангеловски рече дека контролата врз работата на ОТА ќе биде...

Протоѓер во „Титаник“: Ноќта на петти на „А1“ ќе им се мочам у уста

По паузата во Кривичниот суд продолжи објавувањето на прислушуваните разговори во предметот „Титаник“. До сега објавени се 219 од вкупно 1.063 „бомби“. Во разговор од 31 мај 2011 година меѓу ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, таа му раскажува дека тогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Поп Арсов не бил популарен...

Претседателот на ДИК, Деркоски, во 2011 добивал наредби од Јанакиески за гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, во „бомбите“ кои се пуштаат денеска во судница за време на рочиштето за „Титаник“ на СЈО, два дена пред изборите во 2011 година добива инструкции од обвинетиот Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ, за да се збунат гласачи на СДСМ. Станува збор за партијата која на секои избори излегува со...

Во Кривичен суд продолжува слушањето бомби за „Титаник“

Во Основен суд Скопје 1, односно Кривичниот суд денеска продолжува слушањето на „бомбите" во предметот „Титаник" на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Преслушувањето почна во четвртокот, а продолжи во петокот со 106 од вкупно 1.063 „бомби“. Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески,...

„Титаник“: Протоѓер го навредува Шврговски зошто отворил истрага за изборни манипулации

Во една од бомбите објавена денеска во судница за случајот „Титаник“, меѓу Мартин Протоѓер и Гордана Јанкулоска во 2011, пред тогашните избори, се редат навреди за тогашниот републички јавен обвинител Љупчо Шврговски, а сегашен адвокат на Сашо Мијалков. - Абе овој Шврговски, ова копиле скапано. Да му е..м мајката, по допрен глас ќе постапувал за сторијата на „А1“. Четири месеци...

Во Кривичен суд продолжува слушањето на „бомбите“ за „Титаник“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборни нерегуларности. На вчерашното рочиште почнаа да се слушаат „бомбите“ во присуство на јавноста, а Специјалното јавно обвинителство побара во седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори да биде исклучена јавноста. Одбраната бараше „бомбите“ воопшто да...

За 7 од 1.063 бомби во „Титаник”, СЈО побара исклучување на јавноста

Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и другите обвинети во случајот „Титаник“ се вратија на обвинителните клупи во Kривичниот суд. Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ на денешното рочиште побараа од СЈО да достави доказ за тоа како се обезбедени „бомбите“ кои СЈО ги користи како доказ. Еден од шесте адвокати на Груевски, Еленко Миланов, рече дека „бомбите“...

Во Судот се слушнаа четири „бомби“ за „Трезор“, следно рочиште на 10 септември

На денешното рочиште за случајот „Трезор“ се слушаа четири снимки од прислушувани разговори предложени од СЈО, а кои се однесуваат на фирмата „Финси“ и набавката на опрема наменета за МВР. На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков и Саша Глишиќ. Одбраната на обвинетите...

Латас и неговите браќа не се чувствуваат виновни за „Тревник“

Обвинетите во случајот „Тревник“ на СЈО, Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не чувствуваат виновни за бесправната градба на три објекти во Зелениково. Според обвинението, тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил...

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и во Специјалното јавно обвинителство...

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – екс министерката за внатрешни работи,...

Тригодишнина од првата „бомба“: Разговорите кои ја потресоа и ја променија Македонија

Со објавувањето на првиот комплет прислушувани разговори на 9 февруари 2015 година, по долго најавување во претходниот период, претседателот на тогаш опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, предизвика лавина на настани и политички поместувања што после 11 години, минатата година ја симна од власта ВМРО-ДПМНЕ. Додека уште траеше објавувањето на бомбите, СДСМ почна да поднесува кривични пријави против државни функционери почнувајќи...