Анализа: Четири години нема одговор кој го нарача кумановско „Диво Насеље“

-

Се навршија четири година од оружената пресметка во „Диво насеље“, населба во Куманово. Престрелката траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.

Истовремено, во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

За настаните во „Диво насеље“ од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. Кривичниот суд на казна доживотен затвор осуди осуммина а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Владата во ноември 2017 година прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Диво насеље“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во „Диво насеље“.

Но кој и зошто нарача крвопролевање во Диво Насеље нема одговор и по четири години.

Семејствата на загинатите осуммина полициски специјалци прашуваат кој ги остави на цедило нивните блиски, кога наместо да ги известат дека им се подготвува заседа од 40-минаа „вооружени до заби“, им рекле дека одат на претрес на објекти во кои наводно има нарко дилери. Загинатите постхумно беа одликувани со „медали за храброст“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека треба да се испита дали тоа било организирано само за да се прекине со емитување на „бомбите”, т.е прислушуваните разговори кои беа пуштени јавно од тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев.

-Постојат индиции дека тоа било организирано за да се спречат бомбите, и тоа треба да се испита, изјави Спасовски.

Засега нема надеж од Специјалното обвинителство дека брзо ќе дојде до вистината.

– Има некои индиции во делот за тоа што и како се случувало во кумановските настани, но се уште СЈО нема најдено разговори според кои ќе може да воспостави надлежност врз тој предмет има некои индиции се работи предистрагата, но тоа многу тешко ќе биде да се каже, дали и кога ќе биде, и дали воопшто ќе биде преземен тој предмет – вели Јанева.

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и...

Индекс на младинско учество: Социјалните бариери ги оддалечуваат младите од вклученост во заедницата

Многу мал процент млади, како на национално, така и на локално ниво, се вклучени во политичкиот живот. Четвртина од младите не се вработени, не се образoваат ниту се обучуваат, а се...

Играта со загатки „Escape Academy“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта со загатки Escape Academy е бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за релативно кратка игра со интересни загатки со кои решавате како да се излезе од одредени простории...

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на ставовите на пратеникот Бојан Стојаноски

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски, да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии, реагираат денеска оттаму. „Во услови...

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА,...