fbpx
Таг: бомби

таг: бомби

Почна судењето за „Космос“, Груевски и Јанакиески велат дека не се виновни

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево почна судењето за случајот ТНТ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски. Покрај нив, обвинети се уште четири лица за уривањето на комплексот...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во „Тортура“

Апелацискиот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како докази. „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки. Обвинетите се товарат...

Апелација одлучи две „бомби“ да бидат доказ за случајот „Титаник 2“

Апелацискиот суд денеска соопшти дека две снимки од преслушуваните разговори кои беа јавно објавени ќе бидат доказ за предметот „Титаник 2“, во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранечните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петте судии на Управниот суд: Билјана Никодиновска-Петровска,...

Апелација ја одложи седницата на која ќе решава дали „бомбите“ се докази за „Тендери“

Поради службени обврски на претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Ивановска-Шопова, одложена e денешната јавна седница на која требаше да се расправа за тоа дали „бомбите“, што Основниот суд Скопје 1 ги отфрли како неважечки, може да се користат како доказ во предметот „Тендери“. Седницата е одложена за утре во 9.30 часот. Од тројцата судии кои треба да одлучуваат за овој предмет, на...

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков,...

Илјадници луѓе евакуирани во Москва поради дојави за подметнати бомби

Повеќе од 20.000 лица денеска биле евакуирани од трговските центри, железничките станици, театри и од универзитети во Москва поради речиси симултани дојави дека на повеќе места во градот е поставен експлозив, јавуваат светските агенции. Иако се претпоставува дека станува збор за лажни дојави, полициски специјалци со кучиња трагачи ги пребаруваат местата. Според информациите на агенциите, досега биле пребарани пет локации,...

Полицијата го приведе Љупчо Палевски – Палчо по барање на СЈО

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски- Палчо вечерва е приведен по барање на Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“, повикувајќи се на извори од СЈО. Телевизијата јавува дека СЈО веќе води предистражна постапка против Палевски, а се шпекулира дека е приведен поради тоа што ја „Јутуб“ објави прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени. Уредникот на телевизија „Сител“, Драган...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во случајот „Шамари“

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка. „Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јавното обвинителство...

Напад на шпанската амбасада во Каракас

Шпанската амбасада во Каракас е погодена со повеќе рачно изработени експлозивни направи, соопштија венецуелските власти. Обвинителството наведе дека две лица на мотор вчера кон амбасадата фрлиле повеќе молотови коктели. Нема информации за повредени или материјална штета, а полицијата и обвинителството го истражуваат случајот. Венецуела се соочува со повеќемесечни протести и со политичка нестабилност поради желбата на претседателот Николас Мадуро да го измени...

Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра што МВР го купи за Груевски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра што беше купен од поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, преку МВР, за потребите на поранешниот премиер, Никола Груевски, а за кој јавноста дозна во 31.„бомба“ што ја објави премиерот Зоран Заев, тогаш лидер на опозицискиот СДСМ. - Како министер во техничката влада, ветив дека веднаш штом ќе...

Врховниот суд и утре ќе расправа дали „бомбите“ може да се користат како доказ

Врховниот суд на Република Македонија на денешната седница не донесе одлука дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во судска постапка и со расправа ќе продолжи утре во 9.30 часот. По двочасовната денешна седница, оттаму соопштија дека расправата по двете точки сè уште не е завршена и најавија нејзино продолжување утре, по што претседателот на Врховниот суд, Јово...

Затворени три метро-станици во Санкт Петербург поради закана од бомба

Три метро-станици во Санкт Петербург се затворени поради закана за подметната бомба, јавуваат странските новински агенции. Претходно беше затворена и станицата „Сенаја Плошчад“, која во меѓувреме е отворена. После вчерашниот напад во Санкт Петербург, неколку метро-станици беа затворени поради закана за подметнати бомби. „Интерфакс“ јавува дека нивниот репортер забележал неколку пожарникари пред станицата. Во вчерашната експлозија во метро-станица во Санкт Петербург загинаа...

Уставен суд в среда ќе расправа дали е уставно УБК да прислушува преку телеком-операторите

Уставниот суд на наредната седница закажана за среда, 29 март, ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Со овој член донесен со измените на Законот во 2014 година, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите...

„Бомбите“ се вратија, „ОМД Нетворк“ и претходно блокирала видеа на СДСМ

„Бомбите“ на каналот на СДСМ на „Јутјуб“ се повторно достапни од попладнево. Од партијата за „Мета“ рекоа дека „ОМД Нетворк“ бил корисникот што ги блокираше и претходно видеозаписите на СДСМ, но тоа траело кратко. - Ова не е првпат ОМД да блокира наши видеоснимки, го правеле тоа и порано, само што сега првпат јавноста беше алармирана за тоа - вели неофицијален извор од...

„Бомбите“ на СДСМ ги отстранил корисникот што ги блокирал и видеата од „Шарената револуција“

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле отстранети по пријава од „ОМД Нетворк“, истиот корисник што претходно бараше да се отстранат видеозаписи и снимки на „Нова ТВ“ од „Шарената револуција“ и од студентските протести објавени на „Јутјуб“, пишува  „Нова ТВ“. Сепак, како што нагласува, по аргументација испратена до „Јутјуб“, видеоснимките биле вратени. „ОМД Нетворк“ е истиот корисник што досега редовно ги...

Избришани дел од „бомбите“ на СДСМ од „Јутјуб“

Седумнаесет „бомби“ досега се избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“, а во најголемиот дел од нив, според СДСМ, се слуша гласот на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објави „А1 он“. На избришаните „бомби“ пишува дека извесна фирма „ОМД Нетворк“ побарала авторски права, па поради тоа содржината е отстранета. Од каналот на СДСМ се отстранети „бомбите“ за смртта на...

Голема евакуација во Москва поради дојава за подметнати бомби

Околу 3.000 лица се евакуирани од место каде се наоѓаат три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска. Евакуацијата следела по анонимна дојава дека на станиците се поставени бомби. - По повикот дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по 1.000 лица од Казанска и од Ленинградската, додека од Јарославска се евакуирани 750 лица – наведува...

„Бомбите“ ја сменија реториката, а политичарите останаа одлепени од реалноста

„Бомбите“ што ги објави опозицијата, покрај што предизвикаа промени на политичката сцена, влијаат и врз реториката на политичарите на предизборните митинзи, кои во овој предизборен период засилено користат националистички термини, но и навреди, сметаат аналитичарите. „Федерализација“, „кантонизација“, „двојазичност“ се дел од најупотребуваните термини од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митинзите. Тој, за овие наводни идни државни процеси го обвинува лидерот...

СЈО го побара случајот „Сопот“ од Обвинителството за организиран криминал

Специјалното јавно обвинителство на 4 неомври од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало да му го достави предметот за случајот „Сопот“, соопштија денеска од СЈО. „Предметот е побаран за да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, стои во соопштението од кабинетот на Јанева. Инаку, станува...

Ќе пукаат ли „бомби“ во кампањата: СДСМ крие, во ВМРО-ДПМНЕ се индиферентни

СДСМ не кажува дали во изборната кампања ќе ги користи материјалите од незаконското прислушување, односно т.н. „бомби“, но од партијата категорично тврдат дека не постои никаква забрана за нивна употреба. Дилемата, пак, дали може и смее да се користат прислушуваните материјали постои кај речиси сите соговорници со кои разговараше „Мета“ на темата дали медиумите и политичките партии можат да ги...

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...