fbpx

Објавените „бомби“ ќе продолжат да ечат, МВР треба да ги открие тие што се во приватни архиви

-

„Бомбите“ кои веќе беа објавени, а сè уште постојат како записи на интернет, нема зошто да бидат уништени или санкционирани, смета поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, откако Министерството за правда соопшти дека, со новиот закон за јавно обвинителство, СЈО ќе мора да ги уништи материјалите од нелегално прислушуваните разговори.

Проблем се необјавените „бомби“ кои ги поседуваат политички партии и поединци, а можат да послужат за уценување, вели Трајанов.

– Мислам дека во законот со кој е формирано СЈО е пропишан третманот на тие материјали, а предвидени беа и казни. Но, се примени друг систем, па „бомби“ беа објавувани и преку „јутјуб“, од „анонимни“ профили – потсетува Трајанов.

Минатиот март СЈО соопшти дека при претреси кај неколку лица пронашло повеќе од 100.000 аудио снимки од нелегално прислучуваните разговори. Едно од лицата се поврзуваше со „јутјуб“ каналот „Никола Тесла“, каде што беа објавувани необјавени „бомби“.

– Ова јавно обвинителство, исто така, е во процес на анализирање на повеќе од 100.000 аудио фајлови кои се прибавени при спроведени претреси кај неколку лица и во тек е утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите – наведе СЈО во извештај за својата работа во март минатата година.

Трајанов смета дека аудио снимки од необјавени „бомби“ можат да се најдат и на други места.

– Има информации дека партии поседуваат необјавени „бомби“, дека поседуваат поединци, со нив се вршат уцени… треба да се зајакне одговорноста и треба државата, службите да ги откријат тие материјали. Останува обврската на МВР, понатаму и на Агенцијата за национална безбедност, да работат на откривање и попречување на можно објавување на тие материјали со кои ќе се објават лични податоци и приватни прилики на засегнатите. Едно е ако такви материјали се употребат за откривање злоупотреби, но друго е кога се изнесуваат детали од приватниот живот, како што се правеше – вели поранешниот министер.

Од друга страна, „бомбите“ кои Зоран Заев јавно почна да ги објавува од февруари 2015 година, а чии снимки сеуште постојат на интернет, на сајтови и во социјални мрежи, според Трајанов не се класифициран материјал и нема зошто да бида туништени.

– Оние „бомби“ што веќе беа објавени, што еднаш веќе ги слушна јавноста, не се проблем. Нема никаква причина за нивно уништување и санкционирање на нивното објавување. Тие и натаму ќе се реобјавуваат. Веќе одамна не се класифицирани информации. Тие беа достапни и секој може да ги има – вели Трајанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...