fbpx

СЈО: „Бомбите“ на „Ел Чека“ не потекнуваат од кај нас

-

Ја уверуваме јавноста дека сите аудио-материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите, се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство по повод сомнежите во јавноста дека, „бомбите“ кои ги објавува „Ел Чека“ потекнуваат од СЈО.

Тие додаваат дека новообјавените разговори на фејсбук-профилот со псевдоним „Ел Чека“ не потекнуваат од СЈО.

„Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот“, велат од СЈО.

Оттаму ги повикуваат сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите да ги достават до СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...