fbpx

Осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, сторителите сè уште непознати

-

Утрото на 12 април 2012 година беа убиени четворица млади момчиња и рибар кај Смилковското езеро, а по навршени осум години од убиството не успеавме да ги дознаеме одговорите на прашањата кои, како и зошто ги убија нив, пишува „Порталб.мк“.

Филип Славковски, Александар Нацевски, Цветанчо Ацевски, Кире Трпковски и Борче Стевковски заминаа на другиот свет со мистеријата за извршителите на убиството, додека Алил Демир, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Лута беа осудени на доживотен затвор за тероризам под обвинение дека тие го извршиле грозоморното дело, обвинение кое беше обвиткано со низа сомневања и нејаснотии. Четворицата осуденици заминаа зад решетки, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири и понатаму не се достапни за надлежните органи.

Аутопсијата покажа дека врз нив било стрелано од три типа оружје, бидејќи, според истрагата на Обвинителството, биле пронајдени чаури од три вида муниција, што покажува дека имало повеќе од еден сторител.

Случајот предизвика голем протест на јавноста, а имаше и обвинувања дека тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го подметнала случајот. Поради тоа, илјадници граѓани, меѓу кои имаше интелектуалци цел месец секојдневно протестираа за да го искажат својот револт против казната на нивните сограѓани, кои, според нив, беа невини. Тие посочуваа дека целиот случај бил смислен од тајната служба на Македонија, која во тоа време ја водеше братучедот на премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Во текот на протестите полицијата употреби водени топови и солзавец, а откако истите скршиле неколку прозори во комплексот на скопските судови, шест албанци беа осудени со по три години затвор

Адвокатите за осудените на доживотен затвор во повеќе наврати изјавија дека ова е монтиран политички фабрикуван случај и дека зад ова се крие власта на Никола Груевски.

„Бомбите“ што тогашниот опозициски лидер Зоран Заев започна да ги објавува, беа единствената надеж за осудените. Заев самиот во неколку наврати рече дека осудените се невини и дека има прислушувани разговори за случајот, но сепак тој не ги објави и ги достави во рацете на Специјалното обвинителство.

Поради големи сомневања и недостаток на докази, но и поради можноста за постоење на прислушувани разговори, откако СДСМ дојде на власт, Врховниот суд донесе одлука случајот да се врати на повторно судење за да се отстранат сите сомневања за монтиран случај. а во исто време осудените лица да бидат ослободени од затвор.

Ослободувањето на затворениците од „Монструм“ донесе надеж за обелоденување на правдата, додека по четири месеци и по многу реакции во јавноста, конечно случајот под надлежност го презема Специјалното јавно обвинителство кое е одговорно да го истражува противзаконското прислушување што се случило во Македонија за време на владеењето на Груевски.

Судскиот процес продолжува, а одбраната се надева дека правдата ќе биде обелоденета и дека осудените на доживотен затвор ќе бидат ослободени.

Кратка хронологија на настаните:

12 април 2012 година – 4 млади момчиња (од 18 до 21 година) и 46-годишен рибар беа мистериозно убиени кај Смилковското Езеро.

1 мај 2012 година – Повеќе од 20 лица, вклучително и жени, осомничени за петкратно убиство во Смилковско беа уапсени во полициска операција. Тимот на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, заедно со нејзиниот заменик, Џелал Бајрами, поранешниот началник на полицијата Сашо Мијалков и други началници на полицијата, на прес-конференција изјавија дека приведените биле радикални исламисти кои учествувале во петкратното убиство кај Смилково со цел да се предизвика несигурност и страв кај граѓаните на Македонија.

Јанкулоска ја наруши презумцијатана  невиност поставајќи се на место на Судот и без пресудата на судот, таа рече дека истите лица се опасни за христијанската религија, пренесува Порталб.мк.

8 мај 2012 година – Хаки Азири беше земен како таен сведок, но откако се одрече од овој статус, тој беше обвинет за истото дело – тероризам.

Хазири за време на изјавата на 10 јануари 2013 година рече дека од 1 до 7 мај 2012 година, кога никој не знаел за неговата судбина, полицијата го задржала во градот Кочани, велејќи му дека ќе го пуштат за два-три дена. Хазири рече дека инспекторите се заканиле дека ќе го убијат ако не признае дека Алил Демири го извршил петкратното убиство кај Смилковското езеро.

„Кога ме уапсија, инспекторите ми се заканија дека ќе ме казнат на 20 години затвор или нема да ме пуштат жив, ако не признам дека Алил Демири го извршил петкратното убиство кај Смилковското езеро. Изјавата што ја дадов за време на истрагата не ја дадов по моја сопствена волја“, рече Хазири. Додаде дека има голем притисок и предупреди дека додека е во затвор може да му се случат несакани работи.

Септември 2012 година – Обвинителството предлага нов заштитен сведок со кодираното име „Е1“.

Декември 2012 година – започна судењето за случајот „Монструм“, водено од судијата Ивица Стефановски. Единствениот доказ врз која обвинетите лица се обвинуваа за тероризам беше изјавата на скриениот сведок „Е1“. Како други материјални докази во тоа време, Обвинителството опиша неколку телефонски разговори меѓу обвинетите, Куранот и некои религиозни книги пронајдени во домовите на обвинетите, како и песната „Për ty ty Gostivar“ испеана од Gold АG, која беше пронајдена на компјутер на еден од обвинетите. Друг контроверзен доказ беше и возилото „Опел Омега“, со која, изјави Обвинителството, обвинетите се движеле со истиот автомобил за време на убиството. Ова возило никогаш не било дозволено да се разгледа одблизу, туку само преку фотографии.

30 јуни 2014 година – Алил Демир, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Лута беа осудени на доживотен затвор заради тероризам. Поради недостаток на докази, Сејди Рами беше ослободен. Демири и Исмаиловиќ и понатаму се во бегство во Косово. Косовските власти не ги имаат екстрадирано во Македонија.

Јули 2014 година – Масовни протести во Скопје, неколку градови во Македонија и дијаспората против одлуката на Кривичниот суд Скопје за доживотен затвор. За време на протестите, имаше судири помеѓу полициските сили и протестантите. Полицијата употреби насилство врз граѓани кои беа излезени да бараат правда. Полицијата фрли солзавец, но имаше и водени топови. Во тоа време, полицијата го формираше полицискиот кордон кај ТЦ „Мавровка“ и не дозволи демонстрантите да маршираат до Владата. Според официјалните полициски информации, за време на протестот биле повредени 12 полицајци, а била причинета и материјална штета. Во исто време, според доказите од фотографиите и видеа, имало и повредени демонстранти, пренесува Порталб.мк.

30 јули 2014 – 6 демонстранти беа осудени по 3 години затвор за „учество во толпа“, откако учествувале во протестите за случајот „Монструм“.

9 февруари 2015 – Лидерот на тогашната опозиција, Зоран Заев, започна со објавување „бомби“. Од овој датум се појави надежта дека можеби меѓу материјалите со кои Заев го објавува криминалот на власта на Груевски е вистината за „Монструм“. Самиот лидер на СДСМ рече дека има прислушувани материјали, но тие не се објавени.

15 септември 2015 – Во рамки на Договорот од Пржино, беше формирано Специјалното обвинителство кое ќе ги испита прислушуваните материјали или „бомбите“ на Заев. Таа ги доби сите телефонски разговори од лидерот на СДСМ. Сега надежта за откривање на можните „бомби“ беше пренесена во Специјалното обвинителство, од кое и роднините на убиените, но и оние осудените, постојано бараа истата да каже дали има прислушувани материјали и да го преземе случајот под своја надлежност. Специјалното обвинителство се правдаше дека не може да го земе случајот во своја надлежност бидејќи треба да се изгласа за законот за заштитени сведоци.

3 октомври 2017 – Јавната обвинителка Лилјана Спасовска на јавната седница на Врховниот суд, во која беа испитани жалбите за доживотен затвор во случајот „Монструм“, кои Кривичниот суд им ги изрече на осудените, додека Апелациониот суд го потврди нивното барање за суспензија на пресудата од прв и втор степен и враќање на случајот на повторно судење.

1 декември 2017 – Врховниот суд на Република Македонија го усвои решението во случајот „Монструм“, со кое се прифаќаат жалбите на одбраната, се укинуваат решенијата од прв и втор степен, а случајот се враќа на повторно судење од прв степен.

Во исто време, по повеќе од 5 години затвор, беа ослободени осудените Сами Лута, Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири беа ослободени од затвор под мерки на претпазливост, односно не е дозволено да го напуштат градот Скопје и, секој вторник и петок во периодот од 12:00 до 14:00 часот, да се пријавуваат пред службено лице во Основниот суд Скопје 1.

Од овие четири лица, само Фејзи Азири е привремено ослободен од затвор (поради здравствени причини) бидејќи е обвинет за друг случај за кој е осуден на 6 и пол години, односно за пукање во фармата „Белимбегово“. И понатаму во бегство се двајцата обвинети Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои во моментов се наоѓаат на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...