fbpx

МВР: Братот на „Ел Чека“ не е приведен

-

Министерството за внатрешни работи во изјава за „Порталб.мк“ ги демантираше пишувањата во медиумите дека братот на „Ел Чека“, Блерим Ахмети, бил приведен денеска.

– Тој не е приведен, само беше во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в недела – вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Блерим Ахмети пред неколку дена беше на чело на протестот против ДУИ, кој се одржа во Мала Речица. Протестот беше против „неправдите што ги прават Албанците“ и против политичката власт.

Ел Чека на Фејсбук-профилот од крајот на минатиот месец објави неколку снимки од телефонски разговори на луѓе од врвот на ДУИ и во врвот на извршната власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...