Муцунски: Некој го мести Николовски, МВР да ги разоткрие вистинските сторители

-

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски смета дека некој го мести 23 годишниот Никола Николовски кој е осомничен за поврзаност со лажните закани за бомби во скопските средни училишта. Муцунски на социјалните мрежи објави оти смета дека Николовски е невин, а полицијата треба да ги разоткрие вистинските сторители.

Муцунски во својата објава на социјалните мрежи вели дека тоа што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски во кој бил содржан и неговиот телефонски број, е „логична индиција дека некој се обидел да го намести“.

„Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше задржано 23-годишно младo, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство“, реагира Муцунски.

Според Муцунски, приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен.

„После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое созава немир кај учениците и сите наши граѓани“, напиша Муцунски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timco Mucunski (@mucunski)

Како што веќе објави Мета.мк, во електронската порака во која се упатува заканата до средните училишта и која е потпишана со име, презиме и телефонски број, содржана е и шега која рускиот претседател Владимир Путин ја кажа неодамна.

Инаку, пред неколку дена, во своето гостување на Радио Лидер, токму Муцунски потенцираше дека постои сомнение што доаѓа надвор од Македонија дека владини претставници, одредени министри и безбедносни структури во земјата финансираат проруски медиуми преку користење на државни ресурси.

Тој тогаш рече дека овие медиуми ширеле кампања спротивна на интересите на нашата држава како земја-членка на НАТО.

Уредникот на порталот Инфомакс.мк, Александар Митовски, пак, во синоќешната епизода на емисијата „Тешки муабети“, прикажа фотографија од градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, каде во позадина наводно стои и осомничениот Николовски. По емитувањето на емисијата, синоќешната епизода на „Тешки муабети“ стана недостапна за гледање.

По повеќечасовен разговор во полициска станица, Николовски е пуштен на слобода, а од неговиот дом, по извршен претрес, се одземени повеќе предмети за вештачење, информираа претходно од МВР.

Одземени предмети за вештачење од домот на осомничениот Николовски, тој е пуштен на слобода

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...