fbpx

Српски портали ги слушаат само бомбите на „Ла Верита“, но не и изјавите на Заев

-

Дел од српските медиуми, меѓу кои и порталот „Мондо“,  излегоа со тенденциозни написи: „ЗАЕВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ: Експремиерот на Северна Македонија  купувал гласови! (ZAEV U CENTRU SKANDALA: Ex premijer Severne Makedonije kupovao glasove!). Ва самите наслови ова се соопштува како да е целосна вистина, како да е потврдено од некоја официјална институција. Иако, всушност, станува збор за пишување на Италијанскиот весник „Ла верита “, кој објави нов материјал за наводна инволвираност на лидерот на СДСМ и на уште неколку лица, во поткуп на гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година.

Ама, дека се работи за пренесување на последната „бомба“ на „Ла Верита“ се кажува дури во содржинскиот дел на текстот. Таму, пак, може да се прочита само за тврдењата и документите кои ги објави италијанскиот весник, според кои Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев пред шест години во Струмица купувале изборни гласови, за што, наводно, имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Во овие текстови ја има само едната страна на приказната. Нема ниту збор за реакциите од  СДСМ и од Заев во кои се демантираат каквите тврдења.

Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ, партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали .
Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не презело ништо, се вели во соопштението на СДСМ

И  лидерот на СДСМ, Заев  ги отфрли како неточни пишувањата на „Ла Верита“.

Ако имале какви било докази верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беа, исто така, прислушувањето и слично, овде немаа ништо. Беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат дури обвинение, изјави Заев.

Не е пренесена ниту изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која кажа дека објавените документи од италијанскиот весник „Ла Верита“ се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015 година. На распит биле повикани Заев и неговиот брат, Вице, но случајот во 2018 е затворен, бидејќи немало докази дека осомничените сториле кривично дело.

Тоа што објави „Ла Верита“ се извадоци од истрагата на обвинителството. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема, изјави Русковска за медиумите.

Сите три реакции во македонските медиуми се објавени пред пласирањето на споменатите тенденциозните написи во српските портали.Така, што,  доколку некој сакал можел да го прикаже случајот до сите агли, ама очигледно тоа не била намерата, туку идејата била да креира искривена слика во јавноста.

Ваквиот начин на известување многу потсетува на тоа како дел од срспките медиуми известуваа за аферата „Рекет“ минатото лето, каде што се потпираа само врз написите од медиумите блиски до опозицијата како свои извори. Во тие написи се импутираше вмешаност на министрите и нивни блиски врски со главниот обвинет, Бојан Јовановски, за на крај никој нив да не биде меѓу обвинетите, освен поранешната потпретседателка на СДСМ и пратеничка во Собранието, Фросина Ременски, која вели дека не е виновна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...