fbpx

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

-

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал.

Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“.

Обвинителството го товари за кривично дело „Неовластено прислушкување и тонско снимање“. Откако МВР поднесе кривична пријава против Ел Чека во Основно јавно обвинителство – Скопје, ова обвинителство на 3 јуни случајот го префрли на кичевското обвинителство, како „стварно и месно надлежно за постапување“.

Јавното обвинителство порачува оти забележало често објавување на неовластено прислушувани разговори и предупредува дека тоа е кривично дело за кое е пропишана казна затвор од една до пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...