fbpx
Таг: Атина

таг: Атина

Атина го демантира „Фајненшал тајмс“: ниту спремаме банкрот, ниту нови избори

Грчката влада се впушти во мисија да демантира рој објави од влијателни странски медиуми кои навестуваат дека Грција до идната недела ја очекува банкрот и потенцијални предвремени парламентарни избори поради неможноста да ги задоволи барањата на странските кредитори и можноста за постигнување договор за финансирање на државата. Весникот „Фајненшал тајмс“ објави дека грчката влада се подготвува за банкрот во случај на...

Новиот план за руски гас на Балканот, главна тема на средбите во Будимпешта

Енергијата и рускиот гас ќе бидат главна тема на состанокот за енергетска безбедност на Централна и на Југоисточна Европа, на кој утре ќе учествуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, во Будимпешта. Клучната дебата ќе биде околу новиот план на Русија за внесување руски гас на Балканот и во ЕУ преку нов гасовод...

Анархисти упаднаа во предворјето на грчкиот парламент

Грчкото собрание го доживеа првиот упад во зградата од група анархисти. Група од 20-30 анархисти влегоа во предворјето на грчкиот парламент и за малку не влегоа и во холот на зградата. Анархистите расфрлаа летоци и извикуваа слогани во знак на солидарност со политичките затвореници кои штрајкуваат со глад. На влезот немаше полиција да ги спречи да влезат во собранието,...

Експлозивна седница во грчкото собрание

Вонредната седница на грчкото собрание на која се дискутираше за преговорите со меѓународните кредитори, се одвиваше во експлозивна клима на расправии и на обвинувања меѓу владата и опозицијата. Несогласувањата кулминираа со нагло заминување на пратениците на опозициската Нова демократија од седницата. Пред инцидентот, поранешниот премиер Андонис Самарас во својот говор остро го критикуваше Ципрас, посочувајќи дека Нова демократија наследила држава...

Британскиот амбасадор во Атина бара Македонија и Грција да не заборават на преговорите за името

Преговорите за мерките за градење доверба не треба да ги стават во сенка преговорите за името. Ова е ставот на британскиот амбасадор во Атина, Џон Китмер, кој во интервју за весникот „Катимерини“ ја анализира економската ситуацијата во Грција и прашањата од нејзината надворешна политика. Според Китмер, Британија со голем интерес ја следи најавата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас,...

Независни Грци и понатаму против идејата за сложено име со терминот Македонија

Пратеникот од Независни Грци, Костас Зурарис, изрази огорченост од одлуката на СИРИЗА и на други грчки партии да се прифати сложено име во кое ќе фигурира терминот „Македонија“. Според него, тоа ќе значи дека Грција ќе дозволи нашите граѓани да бидат главните Македонци, а грчките граѓани од северна Грција, кои се идентификуваат како Македонци, некакви Македонци од втор степен. - Фактот што...

Самарас ја обвини СИРИЗА за погазените ветувања

Поранешниот премиер Андонис Самарас ја обвини СИРИЗА дека целосно ги има погазено ставовите и предизборните ветувања. Самарас забележа дека СИРИЗА не само што не го искинала Меморандумот за штедење против кој толку години се бунтуваше и изнуди предвремени избори во јануари, туку сега и го потпишала. - Договорот кој го потпиша владата е само мала измена на главниот договор за...

Тивка посета на Нуланд на Атина

Спорот за името бил една од темите на разговор што ги споменала американската помошничка на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, во грчкото министерство за надворешни работи во Атина. Според весникот „То вима“, Нуланд за спорот за името, како и за кипарското прашање, грчко-американските врски, кризата во Украина и за загриженоста за ситуацијата со ИД, разговарала со генералниот секретар на...

Берлин стои зад идејата за „мерки за доверба“ помеѓу Скопје и Атина

Иницијативата за нови разговори меѓу Македонија и Грција за усвојување мерки за градење доверба не е нова и веќе извесно време заткулисно се разговара за неа. Ова го тврди грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори кои тврдат дека зад иницијативата стои германската влада. Според весникот, оцените во дипломатските кругови во Атина се дека идејата не е едноставна и на неа...

Ципрас со пакет мерки за добрососедство со Македонија

Грчката влада размислува за нова дипломатска иницијатива кон Македонија. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, се чини планира да ѝ предложи на македонската влада пакет мерки за градење на довербата меѓу двете страни, кои, според првичните информации, главно, би се однесувале на справување со проблемите со иредентизмот, кој грчката страна смета дека се спроведува многу силно од Владата...

Брисел одобри продолжување на финансиската помош за Грција

Брисел ја одобри грчката листа со реформи и даде зелено светло за четиримесечно продолжување на финансиската помош за Грција. Едночасовната видеоконференција меѓу Атина и Еврогрупата заврши успешно за грчката страна, со тоа што следните четири месеци Грција ќе мора да ги исполни мерките што ги предвиде за реформирање на секој клучен аспект во државата за подобро и поуспешно функционирање. Долгата листа...

Варуфакис ќе побара шестмесечно продолжување на договорот за грчкиот заем

Грчката влада ќе побара шестмесечно продолжување на договорот за заем за Грција. Владиниот портпарол, Гаврил Сакеларидис, потврди дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во текот на денот ќе поднесе барање за продолжување на овој договор, коментирајќи дека со ова грчко барање, Атина и Брисел ќе се приближат до решение и до премостување на разликите околу насоките во кои...

Никос Коѕиас е новиот шеф на грчката дипломатија

Професорот Никос Коѕиас, досега неформален советник на Алексис Ципрас за надворешна политика, е новиот шеф на грчката дипломатија. Коѕиас е професор по политичка теорија за меѓународни и европски прашања на Универзитетот „Пиреја“. Неговиот политички пат секогаш бил низ ходниците на левицата, бил член на Комунистичката партија, а од неодамна се приклучи на СИРИЗА. Коѕис има долгогодишно искуство во надворешната политика....

Се намалуваат фондовите на грчките банки

Две грчки банки се во критична состојба и побарале финансика инјекција преку механизмот за итна финансиска помош на грчката Народна банка, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Весникот пренесува загрижувачки оценки дека во следните денови и останатите грчки банки ќе прибегнат кон механизмот за итни случаи и финансиска помош. Претпоставките се дека политичката и економската турбуленција низ која поминува финансиски нестабилната Грција...

Ципрас: СИРИЗА не e демонот, не посакува распад, туку спас на еврото

Интензивните пишувања на германските медиуми со закани за грчко напуштање на еврозоната и со еврокатастрофа доколку победи СИРИЗА не изнудија инаку вообичаени екстремни грчки реакции, драматични анализи, коментари или, пак, навреди кон Германија и кон канцеларката Меркел. Сепак, одговор на овие текстови со кои се јакне тезата дека лидерот на СИРИЗА ќе доведе до катастрофа во државата, дојде попладнево директно...

Докос: Можни се нови притисоци за името, но не и драматичен пресврт на настаните

Танос Докос, првиот човек на грчкиот тинк-тенк за надворешна политика ЕЛИАМЕП, прогнозира статус кво за преговорите за спорот за името во 2015 година. Во колумна за „Катимерини“, Докос забележува дека поради внатрешно-политичките случувања и во Грција и во Македонија спорот најверојатно ќе продолжи да тапка во место. Докос забележува дека можни се нови притисоци, но не очекува дека тие ќе предизвикаат...

СИРИЗА води со 3 отсто пред Нова демократија

Левичарската СИРИЗА и натаму е прва најпопуларна политичка партија. Според неделната анкета за весникот „Елефтерос типос“, СИРИЗА има поддршка од 30,4 отсто, наспроти Нова демократија, која има рејтинг од 27,3 отсто. На трето место во анкетата за весникот е Комунистичката партија, со поддршка од 4,8 отсто, Река до 4,7 отсто, Златна зора има 3,8 отсто поддршка, а ПАСОК каска зад...

Димас: Ако Златна зора гласа за мене ќе се откажам

Поддршката за Ставрос Димас од двајца поранешни членови на Златна зора покрена коментари за неонацистичка поддршка на владиниот кандидат. Истовремено се појавија и шпекулации во грчките медиуми дека неонацистичката партија можно е да направи пресврт и да гласа за Димас за да ѝ направи проблем на грчката влада. Министерот за реформи и член на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, отфрла секакво сценарио каде...

Венизелос побарал Папандреу да остане во ПАСОК

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, на ненадејната средба со Јоргос Папандреу пред второто гласање за Димас, побарал од екслидерот на социјалистите да не размислува за напуштање на партијата. Како што информираат од ПАСОК, Венизелос му укажал на Папандреу да не ја растура партијата бидејќи единството на ПАСОК е и негова национална, партиска и етичка должност. Венизелос истакнал дека местото на поранешниот премиер,...

Протекоа информации од исказите за аферата со поткуп во Грција

Во грчките медиуми протече целосниот исказ на поранешниот советник на Независни Грци, Јоргос Апостолопулос, кој е обвинет за обид за подмитување на пратеникот Павлос Хаикалис. Во својот исказ, Апостолопулос целосно отфрла одговорност за обвинувањата, истакнувајќи дека самиот Хаикалис, поради финансиски проблеми, се понудил да го поддржи кандидатот за претседател ако му биде обезбедена добра финансиска понуда. „Бев изненаден летото 2014 кога...

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...