fbpx

Се намалуваат фондовите на грчките банки

-

Две грчки банки се во критична состојба и побарале финансика инјекција преку механизмот за итна финансиска помош на грчката Народна банка, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Весникот пренесува загрижувачки оценки дека во следните денови и останатите грчки банки ќе прибегнат кон механизмот за итни случаи и финансиска помош.

Претпоставките се дека политичката и економската турбуленција низ која поминува финансиски нестабилната Грција поради предвремените избори, се главната причина поради која две од грчките банки се во ситуација на финансиски теснец. „Катимерини“ пренесува дека до одлуката е дојдено откако изминатите денови имало нагло одлевање на депозитите на клиентите и издавање државни благајнички записи. Дополнителен удар врз банките извршил и падот на швајцарскиот франк на светските берзи.

Според информациите на весникот „Та неа“, се работи за Јуробанк и за Алфа банк, кои за весникот потврдиле дека побарале помош од грчката Народна банка. Според информациите, двете банки побарале помош од 5 милијарди евра, што, според оценките, е малку во споредба со предизборниот период во 2012 година кога грчките банки добија кредит повеќе од 120 милијарди евра од механизмот за итна финансиска помош.

Како што пренесува весникот, банките се обраќаат на итниот механизам за помош кога се во финансиски теснец и немаат доволно колатерални средства за да бидат ликвидни во Европската централна банка. Помошта од итниот механизам е многу поскапа од онаа од ЕЦБ, бидејќи каматата е 1,55 отсто наспроти каматата од 0,05 отсто од ЕЦБ.

Она што ги изненади финансиските експерти е фактот дека барања за помош доаѓаат многу повеќе од очекуваното. Ваквиот преран потег, според грчките финансиски експерти, е индикација за драстично влошена ситуација во кредитниот сектор во државата.

„Забележан е пад од три милијарди евра во депозитите во банките во декември, месец кога тие обично се зголемуваат. Одливот на депозити продолжи и во јануари иако банките пренесуваат дека сè е под контрола“, пишува „Катимерини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...