fbpx

Брисел одобри продолжување на финансиската помош за Грција

-

Брисел ја одобри грчката листа со реформи и даде зелено светло за четиримесечно продолжување на финансиската помош за Грција. Едночасовната видеоконференција меѓу Атина и Еврогрупата заврши успешно за грчката страна, со тоа што следните четири месеци Грција ќе мора да ги исполни мерките што ги предвиде за реформирање на секој клучен аспект во државата за подобро и поуспешно функционирање.

Долгата листа со реформи што се однесуваат на решавање клучни проблеми, како корупцијата, даночното затајување, подобрување на функционалноста на јавната администрација, приватизацијата, предизвика големи внатрешни реакции во владиниот состав на Ципрас. Според медиумските шушкања, за голем дел од листата значајно се противел министерот Панајотис Лафазанис, еден од најблиските соработници на премиерот Алексис Ципрас. Неговите забелешки доаѓаат по реакцијата од европратеникот на левицата, Манолис Глезос, кој го обвини Ципрас за предавство на основните ветувања и вредности на партијата. Реагираше и пратеникот на СИРИЗА, Костас Лапавицас, кој изрази загриженост од договорот со Еврогрупата и побара да биде свикана пратеничката група на партијата за да се дискутира листата на реформи.

Остра критика до владата упати ексминистерот за надворешни работи и прв човек на ПАСОК, Евангелос Венизелос, обвинувајќи го Ципрас дека ја носи државата кон трет меморандум за штедење. Венизелос на излегување од претседателската палата истакна дека владата на Ципрас ја враќа назад државата.

– Зошто се враќаме толку години назад, а бевме спремни да излеземе од меморандумот за штедење, да влеземе во нова кредитна линија со покомотни услови. Сега остануваме во стариот меморандум за штедење и од јули се спремаме за нов меморандум – истакна Венизелос. Тој додаде дека владата целосно ги заборавила предизборните ветувања, односно предизборните лаги и невистини со оваа листа на реформи кои се сосема спротивни од тоа што го ветувала на народот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...