fbpx

СДСМ: Административците одработуваат на социјалните мрежи по наредба на ВРМО-ДПМНЕ

-

По објавените снимки за прислушувањето, местењето судии и за изживувањето во монтирани процеси, општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ тргнаа во бескрупулозна битка за освојување на социјалните мрежи, злоупотребувајќи ги вработените во државните и во општинските институции, но и учениците во училиштата, обвинија денеска преку соопштение од општинската огранизација на СДСМ во Охрид.

– Во Охрид е издадена наредба до директорите на јавните претпријатија, училиштата, градинката, болниците и до други државни и општински институции, вработените и ангажираните во овие институции, на своите фејсбук-профили масовно да споделуваат вести за афирмација и за величење владини проекти. Истовремено, партиските активисти од ВМРО-ДПМНЕ имаат задача да ја следат активноста на социјалните мрежи на сите оние што чекаат решение за вработување, а се со договор на дело, како и на оние кои чекаат повик за работа. Притоа, се користат лажни фејсбук-профили и се дистрибуираат тези за црна кампања против опозицијата – стои во соопштението.

Оттаму велат дека на вработените во градинката, преку закани, уцени и заплашување, им се воведувале дежурства за да ги користат своите фејсбук-профили во партиски цели.

– Ова особено се однесува на вработените што чекаат решавање на својот работен статус, па се принудени да извршуваат вакви непрофесионални, неетички и недостоинствени активности. Истовремено, партиски активисти во ВМРО-ДПМНЕ, што се вработени во градинката, им ги бројат објавените вести и „лајковите“ на своите колешки и ги следат нивните интернет-активности. Тоа истото се случува и во училиштата во Охрид. Во некои средни училишта се одело до таму, што за истите цели се злоупотребуваат ученици. Одреден број од нив се ослободуваат од настава, со оправдание дека, наводно, се подготвуваат за натпревар, а нивна задача е да бидат активни на социјалните мрежи во партиски цели – се вели во партиското соопштение на СДСМ од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...