fbpx

Варуфакис ќе побара шестмесечно продолжување на договорот за грчкиот заем

-

Грчката влада ќе побара шестмесечно продолжување на договорот за заем за Грција. Владиниот портпарол, Гаврил Сакеларидис, потврди дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во текот на денот ќе поднесе барање за продолжување на овој договор, коментирајќи дека со ова грчко барање, Атина и Брисел ќе се приближат до решение и до премостување на разликите околу насоките во кои треба да се движи Грција.

Во Грција, сепак, постои загриженост за ваквиот чекор. Според весникот „Катимерини“, фактот што владата ќе побара продолжување на договорот за заем наместо на програмата, односно меморандумот за штедење, може да предизвика нови проблеми и компликации. Според шпекулациите во грчките медиуми, грчката страна би се договорила за мораториум за чекори кои може да влијаат на државните фискални цели и би прифатила преговори за нови конструктивни мерки, но строго ќе одбие да продолжи со спроведувањето на досега договорените мерки.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во говорот пред парламентарната група на СИРИЗА, истакна дека Грција ќе продолжи да работи во насока на наоѓање договор кој нема да ги содржи строгите мерки за штедење што ја држеа државата под финансиски стеги изминатите четири години.

– Сакаме договор во кој нема дa го има токсичното присуство на „тројката“ – истакна Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...