fbpx

Независни Грци и понатаму против идејата за сложено име со терминот Македонија

-

Пратеникот од Независни Грци, Костас Зурарис, изрази огорченост од одлуката на СИРИЗА и на други грчки партии да се прифати сложено име во кое ќе фигурира терминот „Македонија“. Според него, тоа ќе значи дека Грција ќе дозволи нашите граѓани да бидат главните Македонци, а грчките граѓани од северна Грција, кои се идентификуваат како Македонци, некакви Македонци од втор степен.

– Фактот што државата, односно мнозинството политички партии, освен јас и Независни Грци, имаат одлучено да прифатиме сложено име со географска одредница, значи дека главните Македонци ќе бидат тие, односно Македонците од Македонија. Јас, што сум од Солун, и моите „земјаци“ што ќе бидеме? Ние ќе бидеме за малку Македонци? Второтстепени? Значи, и јас како солунчанец сум скопјанец, секако – истакна Зурарис, изразувајќи отворено незадоволство и одбивање на грчката црвена линија за сложено име ерга омнес, во кое ќе стои името Македонија.

Спорот за името и понатаму останува тема што ги разделува СИРИЗА и Независни Грци и покрај нивната соработка за економските и за финансиските прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...