fbpx

Заев: Невозможна мисија е дијалог без посредник од Брисел

-

Лидерот на опозицијата на прес-конференцијата објави и разговор помеѓу Миле Јанакиески и неговата сопруга. Во разговорот Јанакиески ѝ зборува, преправајќи се дека зобрува кинески, алудирајќи на преговорите со Кинезите. Јанакиески ѝ вели дека треба да ги испрати Кинезите и дека е премногу изморен.

На прашањето дали Заев мисли дека ја губи довербата од албанските граѓани со тоа што ги крие разговорите на албанските партии, лидерот на СДСМ одговори дека сè што имаат ќе објават. Заев вети дека сè што ветиле ќе објават, без разлика на тоа која страна за што е заинтересирана.

На прашањата за хациендата во Грција, Заев рече дека не сака да коментира за имот на неговите братучеди.

– Јас, сè што имам, е тука во Македонија. За имот ќе ги прашате патриотите од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат хациенди во Грција – изјави Заев.

На прашањето дали ќе објави разговори помеѓу функционери од опозицијата, Заев рече дека еден од следните чекори ќе биде доказ за тоа на што сè била изложена опозицијата од власта.

Во врска со дијалогот во Брисел, лидерот на опозицискиот СДСМ рече дека е прифатлив и дека е невозможно да се воспостави дијалог без меѓународната заедница.

– Нашите ставови се јасни. Сакаме да му дадеме шанса на дијалогот  – рече Заев.

На прашањето што ќе се случи ако се докаже дека Заев е одговорен, претседателот на СДСМ одговори дека „се слуша злото кое е правено од власта“.

– Мислите ли дека лидерот на опозицијата без докази за тоа кој го правел и како го правел, ќе излезе вака пред јавноста? Немам дилема кој го правел тоа. Сепак, спремен сум да поднесам и одговорност ако се докаже спротивното – рече Заев.

Тој рече дека пописот, раслојувањето на опозицијата и случајот „Монструм“ се важни и дека граѓаните ќе ја знаат целата вистина.

– Имаме документи кои потврдуваат што се случувало и со пописот – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...