fbpx

Самарас ја обвини СИРИЗА за погазените ветувања

-

Поранешниот премиер Андонис Самарас ја обвини СИРИЗА дека целосно ги има погазено ставовите и предизборните ветувања. Самарас забележа дека СИРИЗА не само што не го искинала Меморандумот за штедење против кој толку години се бунтуваше и изнуди предвремени избори во јануари, туку сега и го потпишала.

– Договорот кој го потпиша владата е само мала измена на главниот договор за Грција да добие продолжување од четири месеци. И ние го имавме направено истото кога баравме продолжувањ од два месеци. Владата не само што не го искина меморандумот, туку го потпиша – истакна Самарас.

Според него, меморандумот продолжува да се спроведува и тоа се гледа и од присуството на техничките групи. Самарас побара Алексис Ципрас веднаш да престане со игрите пред граѓаните и со лагите и да ја спроведе програмата што ја има потпишано за да се стави крај на економското пропаѓање на грчкото општество.

Од кабинетот на Ципрас веднаш ги отфрлија обвинувањата како неосновани, истакнувајќи дека народот добро разбира кој преговара за доброто на државата.

Премиерот Ципрас денеска имаше телефонски разговор со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, која истакнала дека Грција до ден-денес сè уште нема направено никаков чекор за да се справи со богатите кои затајуваат и избегнуваат да платат данок. Ципрас ветил дека ќе се работи во таа насока за да се направи општествено праведен даночен систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...