fbpx

Новиот кредит од два и пол милиони евра ја вжешти политичката сцена во Битола

-

Локалната власт во Битола се задолжува со нов кредит од два и пол милиони евра откако градоначалникот Владимир Талески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички, ненаменски и недомаќински досега потрошија повеќе од 200 милиона евра, пари на битолчани, обвинија битолските социјалдемократи.

Битолската опозиција два дена по ред обвинува дека Општината в понеделник, на седница на Совет, планира да се задолжи со кредит, да плаќа и високи камати, и покрај тоа што буџетот на Општината тежи со милиони евра.
Кредитот, наводно, е неопходен за инфраструктурата на локација на поранешната касарна каде сега никнаа станбени згради.

– Кога ја бараа довербата на граѓаните на Битола, ВМРО-ДПМНЕ и Талески не им кажаа на битолчани дека ќе ги задолжуваат со пари што треба да ги враќаат и идните генерации. Ние, граѓаните на Битола, во наредните петнаесетина години ќе бидеме задолжени поради кредитот од 2,5 милиони евра, пари земени како подзаем од Министерството на финансии, а финансирани од Светска банка – вели Зоран Стојчевски, советник на СДСМ.

За опозицијата е нејасно зошто Општината се задолжува кога инвеститорите во поранешната касарна веќе платиле за инфраструктурно уредување на просторот. Оттаму јавно прашуваат каде се парите од инвеститорите.

Советникот на НСДП, Благојче Котевски, поради сериозноста на темата го повика градоначалникот Талески в понеделник, на седницата на Советот, лично да присуствува и да им каже на битолчани зошто зема кредит покрај толку висок буџет.

– Предвидениот буџетот за оваа година изнесува 25 милиони евра. Со ова ново задолжување, буџетот на Општина Битола за 2015 година ќе тежи фантастични 27,5 милиони евра. Во името на советниците од опозицијата, го повикувам општиноначалникот Талески да дојде и да дебатира со нас, зошто ќе ги задолжува битолчани – вели Котевски.

Советниците од власта, пак, сметаа дека „некои прашања не заслужуваат одговор“ и прашуваат зошто опозицијата од едно формално донесување финална одлука на Советот за кредитот од Светска банка, повторно прават скандал.

– При донесувањето на буџетот дискутиравме и за поволниот кредит од Светската банка, а во меѓувреме советниците од опозицијата беа анкетирани од консултантите кои ја изработуваа обемната студија за оправданост за потребата на Општината од кредитот. Анкетата беше анонимна, но претпоставуваме дека и тие се согласиле дека наменскиот кредит за инфраструктурно уредување на касарната е неопходен, бидејќи, ете, кредитот е одобрен – вели Благој Шаклевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија се работи за кредит со поволна камата помала од еден процент.

– На добивањето на кредитот претходеа темелни анализи на фискалната состојба на Општината. Трошењето на средствата ќе биде строго наменско и ќе се реализира под постојана супервизија на сите јавни набавки и активности – рече Соња Карапашовска, советничка од власта.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...