fbpx

Докос: Можни се нови притисоци за името, но не и драматичен пресврт на настаните

-

Танос Докос, првиот човек на грчкиот тинк-тенк за надворешна политика ЕЛИАМЕП, прогнозира статус кво за преговорите за спорот за името во 2015 година.

Во колумна за „Катимерини“, Докос забележува дека поради внатрешно-политичките случувања и во Грција и во Македонија спорот најверојатно ќе продолжи да тапка во место.

Докос забележува дека можни се нови притисоци, но не очекува дека тие ќе предизвикаат некакви проблеми за Грција.

– Не се очекуваат драматични случувања во врска со спорот за името со БЈРМ поради внатрешно-политичката ситуација и во двете држави. Ќе има пораст на притисокот за решавање на проблемот, но веројатно ќе биде притисок со кој можеме да се справиме, барем во блиска иднина, затоа што не се разгледува ниту итно проширување на НАТО ниту, пак, се забрзуваат соодветните процеси за проширување во ЕУ – пишува Докос во „Катимерини“.

Генерално, Докос оценува дека Грција и оваа година ќе има големи предизвици и притисоци околу надворешната политика и ќе се очекува, иако политички ослабена поради изборите и политичката нестабилност, да реагира и во врска со класичните прашања од надворешната политика како спорот за името, односите со Турција и кипарското прашање, но ќе мора да биде активна и околу проблемите со Русија и со украинската криза, воените жаришта во Сирија, Ирак и со проблемите со Либија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...