fbpx

Тивка посета на Нуланд на Атина

-

Спорот за името бил една од темите на разговор што ги споменала американската помошничка на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, во грчкото министерство за надворешни работи во Атина. Според весникот „То вима“, Нуланд за спорот за името, како и за кипарското прашање, грчко-американските врски, кризата во Украина и за загриженоста за ситуацијата со ИД, разговарала со генералниот секретар на министерството Димитрис Параскевопулос, по нејзиниот разговор и по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера во Атина.

Грчката страна остана затворена за подетални информации од средбата. Коѕиас и Нуланд не дадоа изјави, а немаше изјави ни по средбата на американската функционерка со премиерот Алексис Ципрас.

Оцените во грчките медиуми се дека и Грција и САД веројатно не сакаат да креваат премногу прав со оваа средба и со меѓусебните пораки, поради што и било одлучено да се избегнат изјави за медиумите.

Економијата и грчката позиција и стабилност во ЕУ се чини дека биле главните теми на разговор меѓу Нуланд и нејзините домаќини. Главната порака на Нуланд, според соопштението од американската амбасада, е дека САД сака да ја види Грција да постигне добар договор со сите институции, кој ќе ѝ дозволи да државата да постигне економски развој. Средбите биле оценети како многу добри, а САД остануваат на ставот дека сакаат да ја видат Грција да излезе многу посилна од економската криза.

Според весникот „То вима“, САД, сепак, се надеваат дека Атина ќе успее да постигне компромис со меѓународните партнери бидејќи не би сакале да видат криза во еврозоната во моментов, кога нивната агенда е отежната со бројни меѓународни конфликти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...