fbpx

Новиот план за руски гас на Балканот, главна тема на средбите во Будимпешта

-

Енергијата и рускиот гас ќе бидат главна тема на состанокот за енергетска безбедност на Централна и на Југоисточна Европа, на кој утре ќе учествуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, во Будимпешта. Клучната дебата ќе биде околу новиот план на Русија за внесување руски гас на Балканот и во ЕУ преку нов гасовод „Туркиш стрим“ (Turkish Stream), кој од Истанбул преку Грција би носел гас до Македонија и до Србија, а потоа и кон ЕУ.

Средбата на која учествуваат Унгарија, Србија, Турција, Македонија и Грција, ќе му даде јасна слика на Коѕиас за ставовите на секоја од државите за новата можност за руски гасовод, кој би го снабдувал регионот со природен гас токму еден ден пред неговата посета на Москва заедно со премиерот Алексис Ципрас, на која несомнено ќе стане збор за руските планови за енергетско снабдување на регионот по фијаското со „Јужен тек“.

Според весникот „Катимерини“, главна цел на средбата во Будимпешта ќе биде усвојување на заедничка декларација за енергетска соработка и учество во рускиот план за „Туркиш стрим“ (Turkish Stream), иако тој дел би бил подискретно спакуван во декларацијата. Оценката е дека доколку постои интерес кај овие пет држави за прифаќање на новиот руски план, ќе постои можност да се понуди да се вклучат во разговорите Словенија, Австрија и Италија, но за да биде одобрен, ќе биде потребно зелено светло од мнозинство од државите-членки на ЕУ.

Целата ситуација се смета значително комплексна и оценката во грчки дипломатски кругови е дека Грција треба да биде воздржана околу целата ситуација во моментов бидејќи геополитичката игра и сложувалка во овој период е значително замрсена и ќе биде тактички подобро да се чека и да се внимава на одлуки од големите европски играчи за Грција да не се најде во незавидна ситуација.

Работата е дополнително искомлицирана поради одлуката и договорот за Трансјадранскиот гасовод ТАП, кој преку Турција, Грција, Албанија и Италија ќе пренесува гас од Азербејџан кон ЕУ. ЕУ изминатите години изгледаше поотворена кон азербејџанскиот гас во споредба со рускиот и, според неформални информации, во Грција ги блокираше обидите Русија да ги земе во свои раце грчките компании за гас. Оцените се дека под знак прашалник е колку ЕУ сега би била отворена за идејата за нов гасовод за руски гас бидејќи досегашните чекори покажуваат дека ЕУ сака да стави крај на монополот со рускиот гас во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...