fbpx

Скопје домаќин на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузниците од регионот

На состанокот се очекува да се разговара за регионалната безбедност, но и да се адресираат дел од предизвиците со кои се соочува НАТО надвор од границите на регионот

-

Северна Македонија е ценет партнер во НАТО и фактор на стабилност во регионот, рече премиерот Димитар Ковачевски пред официјалниот почеток на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот што денеска се одржува во Скопје. Тој непосредно пред почетокот на состанокот даде изјава за медиумите заедно со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Драго ми е што Северна Македонија денес е домаќин на неформалниот состанок на лидери на земјите членки на НАТО од регионот, на којшто уште еднаш се потврдува нашата улога како фактор на безбедност во регионот, меѓутоа и како земја членка на НАТО којашто е една од членките која целосно и посветено се насочени кон исполнување на своите обврски како дел од НАТО Алијансата“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски кажа дека на денешниот неформален состанок со лидерите на НАТО сојузници од регионот ќе разговараат за актуелни прашања за нашиот регион и нашата посветеност кон неговата стабилност и безбедност, како и за други важни прашања од интерес на Алијансата.

„На денешниот состанок ќе разговараме за регионалните безбедносни прашања, но секако дека ќе разговараме и за клучните теми во однос на војната во Украина, конфликтот кој се води во појасот Газа како и за сите други прашања кои се однесуваат на градење на долгорочен мир, безбедност и стабилност во нашиот регион, меѓутоа и во Европа и во светот“, додаде Ковачевски.

Столтенберг рече дека Северна Македонија е ценет сојузник и успешна земја „на многу начини“, и дека е пример за успешно мултиетничко општество каде „луѓе со различни позадини може да живеат заедно на мирен начин“.

„Очекувам со лидерите да дискутираме за регионалната безбедност, но и да адресираме дел од предизвиците со кои се соочуваме надвор од границите на регионот. Гледаме сè повеќе глобална конкуренција, конкуренција на големите сили, војната во Украина беснее, има нова војна на Блискиот исток“, рече Столтенберг.

Тој од Скопје го поздрави договорот меѓу Хамас и Израел кој треба да доведе до ослободување на заложниците и привремено да ги прекине непријателствата и да овозможи испорака на хуманитарна помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...