fbpx
Таг: Атина

таг: Атина

Драматична неизвесност ден пред грчкиот референдум

Вознемиреност, неизвесност и агонија владеат во Грција на само еден ден пред гласањето за референдумот на кој граѓаните ќе треба да одлучат дали да ѝ дадат поддршка на владата или да побараат од неа да стегне заби и да прифати дел од европските притисоци за да не се наруши дополнително грчката финансиска стабилност. Народот е поделен и како никогаш досега невозможно...

Грција испрати нов предлог до европските институции

Сè погласни се информациите за нов договор од грчка страна, а владиниот авион е подготвен да го пренесе премиерот Алексис Ципрас до Брисел или Берлин да разговара за него. Според информациите од владиниот кабинет, грчката влада денеска до кредиторите поднела нов предлог за двегодишен договор со Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), кој целосно ќе ги покрие финансиските потреби на Грција...

Ципрас го одби новиот предлог на Јункер

Алексис Ципрас не размислува да се врати чекор назад. Грчкиот премиер уверено чекори кон одлуката за референдум в недела, со голем оптимизам и со надеж дека народот ќе му изрази поддршка и ќе му даде уште посилен мандат да бара пофер договор за Грција од меѓународните кредитори. Грчката влада доцна ноќеска доби нова порака и нов предлог за грчкиот...

Попоски во септември во Атина?

Позитивна и пријателска средба која може да помогне да се изгради поголема доверба и соработка меѓу македонскиот и грчкиот народ. Вака грчкиот новинар и аналитичар за „Катимерини“, Ставрос Ѕимас, ја оценува вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Според Ѕимас, посетата на Коѕиас, прва билатерална посета на шеф на грчката дипломатија по речиси цела деценија нестапнување на грчки...

Коѕиас денеска во Белград

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, денеска е во посета на Белград, каде ќе разговара со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и со премиерот Александар Вучиќ. Една од темите на разговорите ќе биде и планираната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Србија. Министерот Коѕиас вчера престојуваше во Скопје, при што беа усогласени 11 мерки за градење доверба...

Грција предложила реформи и мерки во висина од осум милијарди евра

Новата листа со грчки предлози детаљно ќе се дискутира утре во Брисел, на новиот итен состанок на Еврогрупата. Изменетата листа на грчката влада предлага мерки во висина од осум милијарди евра, кои во Брисел се сметаат за добра основа за разговор и влеваат надеж дека во следните денови, доколку се постигне компромис и се испеглаат сите прашања, може конечно да се...

Ципрас оптимист за решение за Грција на понеделничкиот Самит на ЕУ

Секојдневните сценарија, закани и предупредувања за грчко напуштање на еврозоната не ги уриваат оптимизмот и надежта на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повеќемесечните преговори ќе завршат успешно. Ципрас е оптимист дека следната недела Грција ќе успее да постигне решение, кое ќе ги загарантира нејзината европска иднина, останувањето во еврозоната и финансиската стабилност. Според соопштение од кабинетот на грчкиот премиер, свикувањето на Самит...

„Катимерини“: Спорот за името привремено оди во фиока

Средбата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, со вицепремиерот Фатмир Бесими, дел од грчките медиуми ја протолкуваа како отворање на грчката влада кон албанскиот фактор. Грчкиот весник „Катимерини“ оценува дека средбата била обид да се скрши мразот со македонската влада, но и да се направи чекор кон соработка со албанскиот фактор. Според анализата на весникот, средбата со Бесими е отворање...

Грчкиот народ растргнат меѓу оптимизмот за договор и најавите за банкрот

Во Грција владее вистински хаос од измешани изјави, најави, оптимизам и песимизам за тоа дали државата е поблиску кон договор или кон работ на банкрот. Грчката влада, полна амбициозен оптимизам, најавува дека до следната недела ќе биде постигнат договор со ЕУ, кој ќе ја осигури финансиската стабилност на државата. Меѓународните кредитори излегуваат со сосема спротивни изјави, истакнувајќи дека никаков договор...

Mеѓусебни обвинувања меѓу Груевски и грчки европратеници во Стразбур

Европратеничката на Нова демократија, Марија Спираки, се соочи директно со премиерот Никола Груевски околу ставовите за недостигот од демократија и од демократски вредности на македонската влада. Спираки и Груевски се соочија на состанокот на парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент, на кој македонскиот премиер беше соочен со прашања од повеќе европратеници во врска со ситуацијата во Македонија....

Потенцијална македонска влада на национално единство ќе ја стави Грција во незгодна позиција

Формирањето влада на национално единство во Македонија би ја отежнало позицијата на Грција во врска со спорот за името и со приемот на државата во ЕУ и во НАТО. Грчкиот професор по меѓународни односи и директор на програмата за Југоисточна Европа на ЕЛИАМЕП, Јанис Армаколас, во интервју за весникот „То вима“ вели доколку се формира ваква влада во Македонија,...

Варуфакис: Грција мора да се реформира или ќе потоне

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, се согласи со тезата дека доколку Грција не изврши клучни реформи, државата ќе потоне. - Се согласуваме со фактот дека е потребна структурна реформа бидејќи државата е државен непријатен број еден за инвеститорите и за бизнисмените и ако Грција не се реформира, ќе потоне. Тогаш зошто не се договориме да престане задушувањето на пазарот? Одговорот е...

Атина се најде погодена: Македонија да не ја префрла вината на друг

Грција побара македонскиот државен врв да престане да ја префрла вината на други за инцидентите во државата, туку да се фрли на лекување и на решавање на внатрешните проблемите како зајакнување на демократијата, човековите права, спроведување на Охридскиот договор и почитувањето на добрососедските односи. Реакцијата дојде од грчкото Министерство за надворешни работи, како одговор на изјавите и на барањето на...

Кина чека договор меѓу Грција и кредиторите за новата железница

Кинеската компанија „Коско“ (Cosco) чека договор меѓу Атина и меѓународните кредитори за да се продолжат разговорите и плановите за изградба на брзата железница од Будимпешта до Атина. Според информациите во Атина, кинеската компанија сè уште е силно заинтересирана за инвестиции во железничкиот сектор и за изградба на подобра линија со која побргу ќе се стигнува од Атина до Будимпешта,...

Убиени двајца затвореници во атинскиот затвор Коридалос

Крвав инцидент со трагичен крај изби ноќеска во атинскиот затвор Коридалос. Двајца затвореници починаа, двајца се сериозно повредени и 16 се полесно повредени во тепачката што се создала меѓу голема група затвореници во затворот. Жртвите се двајца затвореници од Пакистан, на возраст од 35 и од 30 години. Инцидентот се случил кога група арапски и албански затвореници нападнале група затвореници од Пакистан...

„То вима“: Политичката криза во Македонија ги менува работите за грчката дипломатија

Политичката криза во Македонија, паралелно со финансиските и со внатрешните проблеми во Грција, поставува прашалници за потенцијалното придвижување и за напредок во грчко-македонските односи и преговори за името и за мерките за доверба. Грчкиот весник „То вима“ во анализа на ситуацијата во Македонија, коментира дека политичката криза создава нови моменти и услови за грчката дипломатија во пристапот кон македонско-грчките...

Боболас пуштен на слобода

Првиот човек на грчкиот градежен гигант „Актор“, Леонидас Боболас, е ослободен откако исплати 1,8 милиони евра долг кон државата за даночно затајување. Бизнис-гигантот беше приведен изутринава со обвинување за даночно затајување и за перење пари и изведен пред суд за да даде исказ за обвиненијата за кои се товари. Според информациите, Боболас е изведен пред суд поради одбивањето да плати...

Судењето на Златна зора одложено за 7 мај

Обвинетите пратеници и членови на Златна зора ќе седнат во судските клупи повторно на 7 мај. Судењето на Златна зора, кое почна рано утринава во затворот „Коридалос“, се одложи за 7 мај поради немање адвокат за еден од обвинетите членови на Златна зора. На судењето, кое се одвива во тесната судницата на затворот „Коридалос“, не се појави ниту еден...

Утре почнува судењето на Златна зора

Утре во Атина, во судницата на затворот Коридалос, почнува историското судење на неонацистичката партија Златна зора. На обвинителната клупа ќе седне целото раководство на партијата, кое во септември 2013 година се најде зад решетки под обвинение за убиството на музичарот Паврлос Фисас и за огромен број други криминални дејства. Грчкиот суд ќе биде ставен на тест да пресуди од повеќе...

Грција загрижена поради новиот бран имигранти и политички бегалци

Во Грција владее загриженост поради новите големи бранови бегалци и мигранти кои преку Турција влегуваат во државата во последните денови. Според информациите, грчката влада бара соодветен начин да ги смести политичките бегалци од Сирија, размислувајќи да им се понудат празни згради кои им припаѓаат на државата и на војската. Грчките медиуми пренесуваат речиси панична клима за зголемен број имигранти кои нелегално...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...