fbpx
Таг: Атина

таг: Атина

Грција се подготвува за проверка на грчките депозити во странство

Грција од идната недела планира да почне со контрола на сметките во странство на грчки државјани. Според податоците доставени до грчкото Министерство за финансии од германските власти, 10.588 Грци пренеле околу 3,5 милијарди евра. Поконкретно, во 2006 година на странски сметки од грчки државјани биле депонирани 3,9 милијарди швајцарски франци и 2,9 милијарди франци во 2008 година. Борбата со даночното затајување...

Експлозија во центарот на Атина

Бомба експлодира рано изутринава во канцелариите на Асоцијацијата на трговци во центарот на Атина. Направена е голема материјална штета од бомбата, која експлодирала во 3.35 часот утринава по локално време. Нема повредени, ниту жртви, а засега ниту една организација нема преземено одговорност за нападот. Кусо пред нападот, за бомбата имало анонимно телефонско јавување и предупредување во весниците „Вима“ и „Весник...

Ципрас и Павлопулос разговараа околу спорот за името

Грчката влада загуби нови двајца пратеници на синоќешното гласање за дел од новите мерки договорени со европските партнери. Владиното мнозинство падна на 153 пратеници, ставајќи ја владата на СИРИЗА и на Независни Грци одново на стаклени нозе со минимална предност во Собранието. Откако вчера изутрина од пратеничката група на СИРИЗА се повлече поранешниот владин портпарол, Гаврил Сакеларидис, левичарите го исклучија...

Новите мерки одново ја нишаат владата на СИРИЗА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас загуби уште еден од блиските соработници, поранешниот портпарол на владата, Гаврил Сакеларидис. По шпекулациите дека Сакеларидис ќе се обиде да избегне присуство при гласањето на новите закони за спроведување на мерките договорени со европските кредитори, Ципрас отворено побарал од него да ја напушти собраниската група на СИРИЗА и да го предаде пратеничкото место. Сакеларидис во својата...

Грција парализирана поради генералниот штрајк на јавните служби

Јавните служби во Грција денеска престанаа со работа бидејќи работниците стапија во првиот генерален штрајк откако во јануари левичарската коалиција ја презеде владата, јавуваат светските агенции. Јавниот сообраќај е сериозно нарушен, затворено е метрото во Атина, автобуските и тролејбуските линии се скратени, а траектите се на пристаништата. Заради штрајкот, затворени се музеи, училишта, аптеки, а државните болници работат само за итни случаи. Повеќе...

ЕУ и САД барале името бргу да се реши, Коѕиас имал „нови и храбри“ иницијативи

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, подготвува нови храбри потези и иницијативи во преговорите за решавање на спорот за името. Ова го тврди грчкиот весник „Етнос“, кој пишува дека Коѕиас имал подготвено план за напредок во преговорите од јуни, чие спроведување доцниело поради септемвриските парламентарни избори. Наводно, САД и Европската унија барале 20-годишниот спор да се реши во следните месеци, за...

Грција од ноември со нови предлози за преговорите за името?

Американскиот државен секретар, Џон Кери, сугерирал дека Грција треба да се обиде од ноември да направи нови предлози во преговорите за името, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите на телевизијата „Мега“, грчката страна одговорила позитивно, но истакнала дека овие обиди ќе бидат попусти ако македонската страна не покаже еднакво силна волја за компромис. На состанокот, наводно, било посочено дека не би...

Ципрас поради Македонија не отиде на состанокот за борба против ИД

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на Генералното собрание на ОН, на клучен состанок за борбата против ИД. Ниту Ципрас, ниту шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, не се појавија на состанокот за борба против насилниот тероризам, организиран од американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Македонија на него учествуваше под уставното име. Извори од кабинетот на грчкиот премиер истакнаа дека...

Златна зора презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас

Лидерот на неонацистичката Златна зора, Никос Михалолиакос, презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас од страна на симпатизер на партијата. Сепак, според него, партијата нема кривична одговорност за делото. - Преземаме политичката одговорност за убиството во Керацини (населбата каде беше убиен Фисас н.з.), но не постои кривична одговорност. Зарем е можно една цела партија да е обвинета бидејќи еден...

Предизборната дебата во Грција без јасен победник

Првата тет-а-тет телевизиска изборна дебата меѓу лидерите на двете најпопуларни партии, СИРИЗА и Нова демократија, заврши без јасен победник. Пред шест години, кога за последен пат Грција имаше предизборно соочување на Јоргос Папандреу и на Костас Караманлис, Папандреу излезе како јасен победник, најавувајќи ја на овој начин смената на владата на Нова демократија. Вчерашната телевизиска дебата меѓу Алексис Ципрас...

Изгласан пакетот мерки за штедење во Грција

Грчкото собрание, по целовечерна дебата, утринава го одобри третиот пакет мерки за штедење. За мерките гласаа 222 пратеници, 64 пратеници беа против, а воздржани имаше 11. Грчката владејачка партија СИРИЗА го изгуби минималното парламентарно мнозинство бидејќи мерките ги поддржаа само 118 левичарски пратеници, двајца помалку од граничната бројка 120, која ја имаше неформално поставено Алексис Ципрас како лиит што ќе значи...

Владата на Ципрас тврди дека новиот меморандум е поповолен од тие на Нова демократија и на ПАСОК

Грчката влада тврди дека новиот договор е помалку болен од претходните два меморандуми за штедење. Владата на Алексис Ципрас се подготвува новиот договор да го испрати во Собранието за да добие зелено светло од грчките пратеници. Оцените се дека договорот е за нијанса подобар од претходните меморандуми на владите на Нова демократија и на ПАСОК бидејќи предвидува помал примарен суфицит...

Ципрас брза новиот договор да помине во парламентот до крајот на неделата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас брза пред 15 август да се изгласа новиот пакет мерки. Грчката влада се надева дека до утре ќе се постигне договор околу конечниот текст за мерките и обврските за новиот грчки кредит меѓу Атина и Брисел. Договорот Ципрас планира експресно да го однесе пред грчкото собрание веќе од среда за да се изгласа в четврток,...

„Катимерини“: Варуфакис планирал паралелен банкарски систем

Грчкиот весник „Катимерини“ обелодени наводен таен план на Алексис Ципрас и на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, за креирање паралелен банкарски систем кој преку ноќ може да премине од евро на драхма. Според весникот, двајцата политичари го договориле планот од декември, а самиот Варуфакис го имал претставено пред претставници на странски приватни фондови на 16 јули. Според планот, кој предизвика...

Графити: Кризата им годи само на атинските ѕидови

Атинските ѕидови се непресушен извор на идеи, политички пораки, мали филозофски дискусии и на дилеми. Секоја пора од градските ѕидови дише во бунтовен дух, прекриена со графити и со шаблони кои се занимаваат со политичките или социјалните прашања во државата. Речиси секој проблем, секоја вознемиреност може да се прочита на ѕидовите. Дали е преплашеноста за пребродување на месецот со скратените плати,...

Грција го поднесе пакетот мерки до Брисел

Грчката влада го поднесе конечниот детален предлог мерки и реформи до европските институции и првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум. Владата на премиерот Алексис Ципрас со овој предлог бара тригодишна финансиска помош од европските институции за покривање на нејзините финансиски и социјални обврски. Пакетот е во висина од 10-12 милијарди евра и, според неофицијалните информации, содржи мерки поврзани со даночни и...

Ципрас може да побара нов заем и привремена покуса програма

Грчките и италијанските медиуми јавуваат дека премиерот Алексис Ципрас ќе побара еден почетен заем, како што го именуваат „заем-мост“, за да се надминат моменталните критични проблеми во Грција. Според информациите на дел од грчките медиуми и на италијанската новинска агенција АНСА, Ципрас од европските лидери ќе побара заем во висина од седум милијарди евра, кој би се исплатил што побргу за Грција да...

Грчката лидерска средба заврши со заедничка декларација за поддршка на Ципрас

Маратонската средба на грчкиот премиер и на лидерите на сите грчки политички партии доведе до заедничка декларација која ѝ дава поддршка на грчката влада да настапи со нов предлог пред кредиторите. Декларацијата се очекува за кратко време да ја објават од премиерскиот кабинет, заедно со името на новиот министер за финансии. Целосниот текст го потпишуваат грчката влада, СИРИЗА, Нова Демократија, ПАСОК,...

„Ројтерс“: ЕЦБ ќе ја продолжи помошта за Грција

Грција сè уште е во исчекување на одлука од Европската централна банка за продолжување на финансиската помош преку механизмот за итна помош за ликвидност на грчките банки. Агенцијата „Ројтерс“ влеа мала надеж во Грција со информацијата дека ЕЦБ, најверојатно, нема да  ја секне помошта за Грција и ќе продолжи со финансиската помош во исти граници како и досега. Повикувајќи се...

Грција пред историска одлука

Грција денеска излегува на референдум. Граѓаните треба да одговорат да или не за последниот пакет мерки што ги предложија европските кредитори, а кои опфаќаат намалувања на пензиите и на платите и зголемување на ДДВ. Гласачките места отворија во 7 часот утрово и ќе бидат отворени сè до 19 часот вечерта. Во државата се регистрирани 10 милиони гласачи кои ќе може да...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...