Грција пред историска одлука

-

Грција денеска излегува на референдум. Граѓаните треба да одговорат да или не за последниот пакет мерки што ги предложија европските кредитори, а кои опфаќаат намалувања на пензиите и на платите и зголемување на ДДВ. Гласачките места отворија во 7 часот утрово и ќе бидат отворени сè до 19 часот вечерта. Во државата се регистрирани 10 милиони гласачи кои ќе може да гласаат на 19.159 гласачки места.

Денешниот референдумот, кој се одржува четири децении по последниот референдум, се очекува да прати јасен сигнал и до владата, но и до Европската унија за тоа што сака, што може да поднесе и во која насока народот сака да се движи државата, дали порака за поголема независност и стоп на притисоците од кредиторите или порака дека не сакаат веќе да брануваат и да го ризикуваат своето останување во еврозоната и во ЕУ. Лобирањата за „да“ или „не“ на референдумот завршија, народот е поделен на половина, а никој не може со сигурност да процени каков ќе биде крајниот исход додека не се затворат гласачките места и не се пребројат сите гласачки ливчиња. Анкетите ден пред гласањето покажуваа минимална предност на одлуката да се гласа „да“ и намалување на поддржувачите на владата, но не доволна за да може да се даде јасна прогноза. Резултатите се очекува да бидат готови во рок од два до четири часа, а голем дел од медиумите јавуваат дека веќе во 21 часот по локално време ќе постои можност да се добие јасна слика за тоа што изгласале грчките граѓани.

Гласовите и размислувањата од сите страни покажуваат голем песимизам за тоа што ќе се случува со Грција идната недела. Некои се согласни дека референдумот е корисен, но задоцнет пет месеци, едни ќе гласаат во страв од тоа што ги очекува од утре, други водени од измореноста од пет години штедење и невработеност. И оние кои ќе гласаат за мерките и оние кои ќе гласаат против се согласни дека независно од исходот Грција ја очекуваат нови тешки денови.

– Гласав „не“. Сакам утре да имаме барем малку достоинство, не верувам дека гласањето „не“ значи не за Европа и не сакав да ја поддржам оваа теза која ни ја наметнуваат. Не сум голем симпатизер на СИРИЗА, но не можам да гласам за да продолжат овие мерки кои нè доведоа во петгодишна мизерија. Што и да победи, јасно ми е дека не ни се пишува добро, работите се излезени надвор од контрола, не мислам дека на кој било начин банките ќе отворат. Одлуката можеби ќе влијае само на тоа дали владата ќе остане или не – вели 30-годишниот Панајотис.

Вознемиреноста, стравот и грижата се измешани со силен гнев, пред сè затоа што не гледаат никакво решение и по пет години рецесија.

Средовечниот Димитрис, таксист, вели што и да одберат, пак ќе продолжи истата ситуација како досега.

– Што, зарем работите се добри сега во моментов? Нека нè остават конечно да се смириме. Пет години постојано ги слушаме како нè уценуваат дека ако не ги прифатиме тие мерки, ќе нè исфрлат од еврозоната, ќе пропаднеме – вели тој.

Еден негов сограѓанин, пак, вели се надева да надвладеее разумот, а не желбата да ѝ се покажат заби на Европа.

– Се надевам сите да гласаат смирено и добро промислено. Ако треба да го стегнеме ременот барем уште некое време, наместо да одиме кон непознатото – вели тој.

Политичките лидери ги искористија своите гласови за да пратат последна порака. Лидерот на опозициската Нова демократија, Андонис Самарас, по гласањето истакна дека денешниот глас е глас за задржување на еврото.

– Ние, Грците, денеска одлучуваме за иднината на нашата држава. „Да“ за Грција и „да“ за Европа – истакна Самарас.

Сите ќе го очекуваат крајниот резултат, но и разликата со која едната одлука ќе надвладее над другата. Аналитичарите коментираат дека доколку победи поддршката за Ципрас со мала разлика од еден до два отсто како што покажуваат анкетите, тоа би значело не победа, туку фијаско за неа во споредба до предноста од 20 отсто која ја има на рејтинзите против Нова демократија и, во суштина, ќе значи дека нема силен мандат да оди и да преговара со ставови кои би го загрозиле останувањето на Грција во еврозоната. Сценаријата за следниот ден не се светли, сè погласни се сценаријата за празни банки, шпекулации за можна влада за национален спас.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...