fbpx

Почина еден од повредените во тешката сообраќајка на регионалниот пат Прилеп – Крушево

-

39-годишниот Марјан Трајкоски од Прилеп, кој беше еден од тројцата повредени во тешката сообраќајна несреќа, која завчера се случи на регионалниот пат Прилеп – Крушево, доцна синоќа на клиничкиот центар во Скопје им подлегнал на повредите.

Блиските на починатиот Трајкоски, обвинуваат за лекарска негрижа на докторите во прилепската болница, кои откако го примиле по сообраќајката, по направениот преглед, третирајќи го само со инфузија, го пуштиле на домашно лекување, по што на повредениот по кратко време му се слошило и итно бил транспортиран на Клиничкиот центар во Скопје, каде и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

– По вчерашната сообраќајка, Мајран беше хоспитализиран, при што прими систем. Докторот денеска му кажа дека не му е ништо и му кажа да си оди дома. Два часа откако се врати дома, му се влоши здравствената состојба и повторно се јави на преглед на болница од каде итно беше префрлен во Скопје. По кратко време почина од внатрешно крвавење. Утре ќе се прави обдукција на телото на починатиот за да се утврди точната причина за неговата смрт. Според докторите што го примија во Скопје, недозволиво било без детален лекарски преглед да биде пуштен дома – изјави еден од блиските на Марјан.

Според блиските на Трајкоски, лекарите од скопскиот клинички центар потврдиле дека се работи за лекарска негрижа направена уште во прилепската болница, каде требало посериозно да пристапат кон повредениот, со што би се избегнал трагичниот крај.

Од семејството Трајкоски најавуваат дека против одговорните лекари и против ЈЗУ „Борка Талески“ – Прилеп ќе поднесат кривична пријава за лекарска негрижа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...