fbpx

Тетовци ќе пијат вода од новиот водовод од наредната година

-

До крајот на годинава целосно ќе биде изграден новиот водоснабдителен систем за град Тетово, уверува министерот за животна средина, Нурхан Изаири. Тој заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, во близна на месноста Лешница на Шар Планина, ги следеа градежните зафати околу поставувањето на цевководите за новиот вододов.

– Според предвидениот план, завршени со 50 проценти од градежните активности, ако нè послужат временските услови, можно е целиот водоснабдителен систем да се изгради и предвреме, до крајот на септевмри годинава – изјави министерот за животна средина, Нурхан Изаири.

Парарелно со новиот водовод ќе се гради и пречистителна станица.

– Ние ја завршивме целата документација за станицата, заедно со дозволата за градење. Парите ќе ги обезбедиме од Европската банка за обнова и развој. Во финансискиот дел ќе учествуваме и ние, ќе се издвојат средства од буџетот на Општината, во висина од околу 500.000 евра – рече градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Новиот водоснабдителен систем се гради повеќе од една деценија. За последната фаза од неговата изградба Владата на Општина Тетово ѝ додели 2 милиони евра. Со новиот водовод, Тетово треба да добие дополнителни 200 литри вода во секунда, со што конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на вода за пиење во градот под Шара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...