fbpx

„Катимерини“: Варуфакис планирал паралелен банкарски систем

-

Грчкиот весник „Катимерини“ обелодени наводен таен план на Алексис Ципрас и на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, за креирање паралелен банкарски систем кој преку ноќ може да премине од евро на драхма. Според весникот, двајцата политичари го договориле планот од декември, а самиот Варуфакис го имал претставено пред претставници на странски приватни фондови на 16 јули.

Според планот, кој предизвика големо изненадување во Грција, Варуфакис планирал тајно да се преземат податоци за сите даночни броеви во Грција со помош на негов пријател кој бил поставен во Министерството за финансии специјално за да може да го направи овој чекор без да биде под контрола на Брисел и да може да работи околу генералниот секретар, кој бил поставен и управуван од европските институции. Идејата била сите даночни броеви да се добијат преку хакирање на страницата на Генералниот секретаријат за информации и Варуфакис со помош на соработниците да креира тајни сметки поврзани со даночните броеви на секој даночен обврзник во Грција без да се каже кому било.

Целата идеја во декември 2014 година, уште пред СИРИЗА да ја преземе власта и пред да се одржат предвремените избори, ја одобрил наводно Ципрас, од чиј кабинет засега нема официјален коментар. Неофицијално се тврди дека првпат слушаат за ваков план за паралелна валута во случај Грција да се соочи со ненадејно излегување од еврозоната да не дојде до целосен банкарски колапс, туку државата да има начин да се одржи на нозе за кусо време.

Според информациите на „Катимерини“, Варуфакис работел активно на планот, но на крај не добил зелено светло од Ципрас да почне да го спроведува.

Според весникот, Варуфакис со изјава во британски „Телеграф“ признава дека планот и информациите се точни, коментирајќи дека објавите во грчките весници се само начин да се фрли прашина на неговото име и да се оцрни сè што грчката влада има направено во изминатите пет месеци додека тој беше министер за финансии.

Објавата на „Катимерини“ создаде големи реакции кај опозициските партии Нова демократија, Река и ПАСОК, кои бараат Варуфакис да се соочи со казна и да преземе одговорност за овој план за паралелен систем и за нелегално крадење на даночните броеви на грчките даночни обврзници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...