fbpx

Нов состанок на работната група за Договорот од Пржино

-

Состанок на работната група меѓу потписниците на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија ќе се одржи денеска. На состанокот се очекува да присуствува и Белгиецот Питер ван Хојте, кој е специјален олеснувач на Договорот од Пржино.

Теми на кои ќе се разговара ќе бидат изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората.

Во согласност со договорот од 2 јуни, како и тој од 15 јули, партиите треба да формираат десетина работни групи, кои ќе можат да работат на спроведување на обврските преземени од тие договори. На средбата одржана минатата недела исто така тема беа изборните закони, а на неа учествуваа претставници на ОБСЕ, на невладините организации „Мост“ и „Цивил“ и на Министерството за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...