fbpx

„Ројтерс“: ЕЦБ ќе ја продолжи помошта за Грција

-

Грција сè уште е во исчекување на одлука од Европската централна банка за продолжување на финансиската помош преку механизмот за итна помош за ликвидност на грчките банки. Агенцијата „Ројтерс“ влеа мала надеж во Грција со информацијата дека ЕЦБ, најверојатно, нема да  ја секне помошта за Грција и ќе продолжи со финансиската помош во исти граници како и досега.

Повикувајќи се на извори од ЕЦБ, „Ројтерс“ пренесува дека членовите на банката се одлучени да се продолжи помошта независно од исходот на референдумот. Ова ќе значи дека ситуацијата во Грција ќе остане иста како и минатата недела, ќе продолжи ограничувањето на банкарскиот лимит, граѓаните ќе може да повлекуваат 60 евра дневно, а дел од банките ќе бидат отворени само за пензионерите што немаат платежни картички да може да повлекуваат 120 евра неделно од пензијата.

Без оваа помош од ЕЦБ, се оценува дека грчките банки за кратко време може да пресушат. Потенцијалното продолжување на механизмот за итна ликвидност ќе успее да ја одржи Грција уште кратко време во живот, но за да се отворат банките и за ситуацијата целосно да се нормализира, неопходно е државата да постигне нов договор со кредиторите бидејќи со паничното повлекување средства, бргу се трошат банкарските резерви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.